Партиски препукувања – кој го кочи европскиот пат и кој тргува со националните интереси - Канал 5

Партиски препукувања – кој го кочи европскиот пат и кој тргува со националните интереси

Продолжуваат партиските обвинувања помеѓу власта и опозицијата за тој кој го кочи европскиот пат и кој тргува со националните инетреси.

Партиски препукувања – кој го кочи европскиот пат и кој тргува со националните интереси

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е уценет политичар и дека наместо македонските ги бранел бугарските интереси, Филипче возврати дека е на страната на вистинските интереси на Македонија - продолжување на преговорите преку усвојување на уставните измени. Ја обвини валаста дека намерно ги блокира евроинтеграциите како и дека создаваат вештачки конфликт во обид да ја премолчат и минимизираат срдедбата помеѓу Муцунски и неговата бугарска колешка Петрова Чамова во Брисел. Нејзината порака, според Филипче била јасна дека внесувањето на малцинствата во Уставот е европска тема, а не билатерално прашање.

„Јас сум на страната на европска Македонија и на страна на вистински итереси за продолжување на преговорите. А тоа се постигнува со тоа што ќе се направт уставните измени. Тоа не е никаков ризик и никако не го загрозува македонскиот идентитет, тоа беше само дел од кампњата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите...“- – Венко Филипче, Претседател на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвинија Филиче дека води антимакедонска политика и дека се ставил на располагање на бугарскиот премиер Румен Радев. Го повикаа да одговори со бил уценет за да го прави тоа..

„Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика? Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен, но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Филипче по доаѓањето на новата власт во Бугарија, не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни“- Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Уставните измени се предвидени со Францускиот предлог од 2022, а неодамана пратениците од ДУИ најавија иницијативата за собирање на 30 пратенички потписи за отворање на Уставот, но од СДСМ сопштија дека нема да дадат поддршка, па останува неизвесно дали партијата на Ахмети ќе успее да стигне до неопходната бројка на потписи за точката и официјално да се најде на дневен ред во Парламентот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер