Партијата на Вучиќ победи на изборите во Србија - Канал 5

Партијата на Вучиќ победи на изборите во Србија

Српска напредна партија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  според нецелосни податоци, освои 63 отсто од гласовите на изборите.

Партијата на Вучиќ  победи на изборите во Србија

Приврзаниците на Вучиќ со оро и плех музика го дочекаа претседателот да се обрати по повод победата .

Вучиќ рече дека неделава ќе му биде „многу тешка“, започнувајќи со очекуваното пристигнување на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак во Белград на 22 јуни.

А, следниот ден ќе престојува во Москва. „тогаш не знам дали ќе одам во Брисел или Вашингтон, потоа во Словенија“, рече Вучиќ, откако прогласи победа за својата владејачка партија на изборите кои минаа со бојкот на дел од опозицијата и загриженост за коронавирусот.

Изборните проекции покажаа дека социјалистичката партија има околу 10,6 проценти, десничарската српска патриотска алијанса е на трето место со околу 4 проценти од гласовите. другите групации не успеаја да го достигнат минималниот праг за да добијат места во законодавниот дом од 250 места

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

„Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците.

Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија.

„Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи.

Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Метеоролог предупреди на нови поплави во Истанбул по силните врнежи, загрозени се и други градови

Турскиот метеоролог Орхан Шен денеска изјави дека Истанбул ќе доживее обилни дождови во наредните денови и дека е потребна претпазливост поради можни нови поплави и излевања на реките.

Метеоролог предупреди на нови поплави во Истанбул по силните врнежи, загрозени се и други градови

Тој рече дека бурата прво ќе ја погоди Тракија, а ќе стигне до Истанбул во петок навечер, објави порталот Хуриет.

„Ситуацијата ќе стане уште покомплицирана следната недела. Системот на дождови што доаѓа од Медитеранот е опасен. Може да предизвика поплави и излевања на вода. Анталија, Фетије, Финике, Мармарис и Бодрум се места каде што може да се појават поплави“, рече Шен.

Според прогнозите на Генералниот директорат за метеорологија, нова воздушна маса што се очекува да влезе во земјата од Балканот ќе се почувствува низ целиот регион од петок, особено во Истанбул.

„Се предвидува дека северните и источните делови на земјата ќе бидат претежно облачни на места, западниот дел од Мармара, источното Црно Море и источните делови од источна Анадолија ќе имаат врнежи од дожд и грмотевици, додека времето во другите делови ќе биде променливо до претежно ведро“, се вели во соопштението.

Шест лица загинаа во Истанбул поради поплавите што го погодија градот на 14 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер