Партиите засега далеку од договор за датум за избори

Партиите засега се далеку од договор за датум за предвремени парламентарни избори. 

СДСМ со став дека доколку нема договор, тогаш по сила на закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни. Наспроти нив, ВМРО-ДПМНЕ смета дека избори треба да има тогаш кога нема да биде загрозен ниту еден човечки живот и кога граѓаните ќе се чувствуваат слободни да учествуваат на изборен процес.

Од владејачката СДСМ велат дека по ставањето на пандемијата под контрола, силно се посветени на носење економски мерки за брза трансформација на економијата. Сега, како што посочуваат, потребно е градење на функционални и институции со целосен легитимитет и затоа се потребни парламентарни избори во првиот можен рок.

Според Комисијата за заразни болести и според надлежните институции, како што велат од СДСМ, создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, секако со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овие моменти потребно е трезвено размислување и надполитички став кој ќе биде во интерес на граѓаните и нивното здравје, а не во интерес на политичките партии.

Според нив, организирање на предвремени парламентарни избори во време на пандемија која секојдневно одзема животи е еднакво на организирано убиство, за кое за жал ќе нема назад.

И Движењето БЕСА со став дека секој обид за пролонгирање на изборите оди на штета на граѓаните.

– Секој обид за пролонгирање на изборите со оправдување без аргументи оди само на штета на граѓаните. Затоа апелираме до сите политички фактори да не си играат со судбината на граѓаните, туку сериозно да им пристапат на создадените околности и да не се пресметуваат за политички придобивки што би наштетило на интересот на граѓаните, велат од БЕСА.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вчера побарале дополнителни одговори за мерките за избори од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни материјали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.

На втората лидерска средба кај претседателот на државата, што се одржа во понеделникот, партиските лидери не постигнаа консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер