3Скандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисмен
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
1И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
МакедонијаПартиите се загреваат за локалните избори – ВРЕДИ и ДУИ тргнуваат со звучни имиња за кандидатиОд петмина министри на Вреди во Владата, дури тројца најверојатно ќе влезат во изборната трка како кандидати за градоначалници. Освен кандидатурата на вицепремиерот Изет Меџити за скопски Чаир каде според прогнозите ќе ја води најжестоката битка со Бујар Османи од ДУИ, од министрите на Вреди за Сарај амбиции има министерот за европски прашања Орхан Муртезани, додека во главна игра за Кичево е и министерот за социјална политика Фатмир Лимани. Од друга страна ДУИ и Европскиот фронт се очекува да одат со познати имиња како Арбен Таравари за Гостивар, Зијадин Села за Струга, Бајрам Реџепи за Тетово кој ќе му се спротивстави на Биљал Касами. За дел од аналитичарите ова е доказ повеќе дека партиите од албанскиот блок влегуваат со „тешка артилерија“ за претстојните локални избори чии резултати ќе бидат своевиден тест и за евентуални предвремени парламентарни избори. Оттаму, Вреди и Европскиот фронт одат на се или ништо. -Излегувањето со министри или заменик премиер покажуваат дека Вреди веќе имаат пробллем со наоѓање нови ликови кои може да се пресметуваат со поранешните челници на ДУИ и остантите партии. Но ако ги анализираме овие избори моментално ДУИ во кои општини атакира за да може да ги добие се Тетово, Желино и Чаир, бидејќи тие се бастионите на двете политички партии, Беса и Демократското движење на Меџити. Очигледно дека ДУИ ја има ова пресметка. Очекувам да се мобилизираат двете страни со цел да може да добијат што повеќе општини за после да имаат алиби како ќе се однесуваат едните во Влада другите во борба за власт, вели Љуљзим Фаризи. -На тест ќе се става легитимитетот на Вреди како коалиција особено по излегувањето на Арбен Таравари и дали тие може да го преповторат изборниот резултат од минатогодишните парламентарни избори. Доколку паѓа рејтингот на Вреди и тие изгубат 2 спрема 1 или повеќе во сооднос со коалицијата на ДУИ може да се создаде после локалните владина криза и да има предвремени избори на кои ВЛЕН би изгубиле, би биле делигитимирани и не би биле дел од власта, смета Благојче Атанасовски. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната трибина во Кичево ја обвини СДСМ дека во состојба на безидејност, како што рече, одработува за ДУИ и бугарските интереси. Според Мицкоски СДСМ ќе биде раката за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори - Толку се слаби што, во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е, за жал, нивната продолжена рака. И втората работа, која што исто така е карактеристична за СДСМ е да се борат на овие избори, не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат и да ја спасуваат политичката кариера на политичарите од ДУИ, меѓу нив и на Али Ахмети.– рече Мицкоски. Реагираа од СДСМ. Од опозциската партија како смешна ја оценија изјавата на Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам, бидејќи според нив за една година власт не успеал да расчисти со криминалот на ДУИ и го пуштил Артан Груби да избега. Од СДСМ со критики до Мицкоки дека мочли и за криминалите од Вреди. -Му порачуваме да молчи на оваа тема, затоа што за тој да го спаси својот коалициски партнер ги издаде челновите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во западна Македонија. Кој сега слугува на ВЛЕН, Мицкоски? – прашуваат од СДСМ. Тагови: ВРЕДИ ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицскоски на чело на македонската делегација на Седницата на генералното собрание на ОНСедница на генералното собрание на Обединетите нации.Место каде што се среќаваат светските лидери и се отвораат важни прашања за мирот, безбедноста, развојот и иднината на меѓународната соработка, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг повлече неверојатен потег пред посетата на Белата куќа: Сака да му покаже сила на Трамп Кина исклучи двајца високи воени генерали од Комунистичката партија поради „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“ пред клучните разговори со Доналд Трамп.Џанг Јуксуе и Лиу Женли беа исклучени од Комунистичката партија на Кина откако беа обвинети за нелојалност, корупција, занемарување на должноста и други сериозни дисциплински прекршоци. За Џанг се тврди дека им проследувал класифицирани информации за нуклеарното оружје на Кина на САД. Некогаш се сметал за најблизок воен сојузник на Си Џинпинг. Тој беше првиот од двајцата потпретседатели на Централната воена комисија (ЦВО). Лиу беше подреден на Џанг и началник на Заедничкиот штаб на Централната воена комисија. Истрагите за двајцата генерали беа започнати во јануари, но нивното формално исклучување од Партијата беше потврдено од Политбирото во понеделник. Обвиненијата против нив ќе бидат доставени до воените обвинители. China expels two top generals from party and military, alleging disloyalty, corruption https://t.co/8oijVa0VbQ https://t.co/8oijVa0VbQ — Reuters (@Reuters) September 21, 2026 Двајцата генерали „ги преминале црвените линии и основните граници“ и биле „нелојални и нечесни кон Партијата“, соопшти државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на официјални документи. Двајцата, исто така, „ги користеле своите позиции за да им помогнат на другите со прашања како што се унапредувањата“, се вели во извештајот. Д-р Сари Архо Хаврен, аналитичар за Кина во британскиот Кралски институт за обединети служби (RUSI), рече дека протерувањата на двајцата генерали биле наменети за да се прикаже кинескиот претседател како што е можно посилен. „Внатрешно, протерувањата на г-дин Џанг и г-дин Ли покажуваат дека Си сака апсолутна дисциплина, без нерешени фракциски конфликти и без двосмисленост околу тоа кој ја контролира војската пред да отпатува во Вашингтон“, изјави д-р Хаврен за „Телеграф“.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
АвтомобилизамИ Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)Саудиска Арабија влегува во автомобилската индустрија со сопствен бренд Ceer, проширувајќи ја економијата надвор од нафтениот сектор. Престолонаследникот Мохамед бин Салман ги претстави првите два модели, седан и теренец од серијата Exobot, кои ќе се произведуваат во Кралството. Првично, Ceer ќе понуди два електрични модели со високи перформанси. Футуристичка лимузина и голем SUV наречен Exobot ќе го претставуваат врвот на гамата. И двата модели имаат електричен погон, а во најмоќната верзија развиваат и до 850 коњски сили. Перформанси и дизајн Платформата на моделот Exobot користи технологија на напон од 800 волти и до три електрични мотори. Лимузина со максимална моќност од 850 КС би требало да забрза од 0 до 100 km/h за 2,6 секунди, додека на теренецот му се потребни 2,9 секунди за истото забрзување, според производителот. Производителот наведува автономија до 670 километри за седанот и до 560 километри за теренецот. Овие вредности се пресметуваат според стариот NEDC циклус и не се директно споредливи со европскиот стандард WLTP. Полнењето на батеријата од 10 до 80 проценти капацитет треба да трае помалку од 30 минути. Дизајнот исто така треба да привлече внимание. Седанот има врати на Шахин Винг што се отвораат нагоре, шофершајбна од 2,4 метри и делумно застаклени врати. Во внатрешноста на теренецот, во целиот кокпит доминира 48-инчен 8K екран, а класичните надворешни ретровизори се заменети со камери. Технологија и производство Проектот не започнува од нула. Компанијата Ceer е основана во 2022 година како заеднички проект на саудискиот државен инвестициски фонд PIF и тајванскиот електронски гигант Foxconn. Ceer, исто така, купи лиценци за користење на компоненти на BMW. И покрај тоа, автомобилите ќе се развиваат и произведуваат во Саудиска Арабија, каде што се гради голем фабрички комплекс. Проектот е дел од стратегијата „Визија 2030“, со која Кралството сака да ја диверзифицира својата економија и да ја намали зависноста од нафта. Седум модели за пет години Серијата Exobot го означува само почетокот. Планот е да се развијат седум модели во следните пет години. По седаните и теренците, ќе следат помали возила со различни типови на погони. Првите модели на Exobot треба да се појават на пазарот во 2027. Засега Ceer се фокусира на Саудиска Арабија и регионот, а неговото доаѓање на европскиот пазар се уште не е најавено.Тагови: електричен модел Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter