Партиите на чекор до договор за датумот за избори, 5 јули најспоменуван датум

Зад јавната сцена политичките лидери се во интензивна комуникација за која дел од инволвираните велат е блиску до консензус за датумот за избори. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

Студентите кои протестираа поради војната Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас.

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот. Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат. Активистите во универзитетскиот кампус синоќа го пропуштија рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за отпуштање на студентите. Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити. Универзитетот соопшти дека ќе понуди алтернативно место за протести по испитите.

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

 Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.

Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.

Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет“, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.

притисни ентер