МакедонијаПартиите ги чекаат поканите за лидерска, Филипче останува на ставот, Ахмети допрва ќе одлучи Партиите се уште ги чекаат поканите од Владата за лидерска средба.. Од Владата се уште нема официјална потврда дали се испратени поканите за лидерска средба до парламентарните партии, ДУИ се уште тактизира дали ќе присуствуваат. За Канал 5 кратко велат дека се уште чекаат официјална покана од Мицкоски. Сепак, дали и во кој формат таа ќе се одржи останува непознато.. Лидерот на СДСМ, Филипче, на денешниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека на лидерска средба нема да оди, а укинување на техничка Влада нема да поддржи. Актуелната власт без техничка влада, според него, ќе ги узурпира институциите, правосудството и обвинителството, а според Филипче постојат опасности од партизација, злоупотреба на полицијата и податоците од „Сејф сити“ системот. Тие што ќе присуствуваат на состанокот инициран од Мицкоски , според Филипче, даваат легитимитет на криминалот и изолацијата на државата. -Кој оди на состанокот којшто го иницира премиерот Мицкоски е поддржувач на изолацијата на земјава и дава легитимитет на сите антидржавни политики. И што е најлошо, дава легитимитет на криминалот и на корупцијата. Кој оди на таков состанок јавно се декларира дека е соработник на тендер коалицијата, за ЗНАМ тоа сите го знаат, одамна е јасно, изјави Филипче. По вчерашните прозивки од Мицкоски дека пораките од Филипче се збунувачки, потсетувајќи дека до неодамна токму тие бараа лидерска средба, а сега кога таа се нуди, тие ја одбиваат, Филипче кажа дека сега околностите се промениле. -Кога јас ги предлагав тие средби ние не знаевме за криминалот и корупцијата којшто сега го откриваме. Не знаевме за мигрантите за пари. Не знаевме за Алта банка и сомнителниот капитал којшто влезе во земјава, а којшто е одбиен од ЕУ. Во чиј што борд учествуваат луѓе блиски до ВМРО ДПМНЕ. А од кога тоа го обзнанивме средба со криминалци нема има, кажа Филипче. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси, како и разговори за реформската агенда за ЕУ која има за цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата. -Иако, СДС и Филипче, од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика. Венко Филипче покажа дека се добро во и за државата му смета. Му сметаат реформите во правосудството, во безбедноста, слободата на изразување како и напредокот на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Досега коалициските партнери Вреди и ЗНАМ ја поздравија иницијативата на премиерот за лидеркса средба, а Левица се изјасни за укинување на техничката Влада, со барање за воведување една изборна единица. Лидерската средба, според најавата од Мицкоски е планирана за 14 јануари во Клубот на пратеници... На средбата, според него, фокусот ќе биде на реформските закони, укинувањето на техничката влада 100 дена пред избори, како и изборот на народниот правобранител, кој е заглавен во Собранието поради немањето бадентерово мнозинство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција Суд во Индија нареди истрага за наводите дека јавна библиотека во јужната држава Тамил Наду купила стотици книги за кои се сомнева дека се генерирани од вештачка интелигенција (ВИ).Контроверзноста избувна откако тамилскиот писател Перумал Муруган посочи книги со неточни информации и сомнително авторство во новоизградена библиотека во градот Коимбаторе, објави Би-Би-Си. Набавки и сметки под истрага Високиот суд во Мадрас ѝ наложи на антикорупциската агенција да ја истражи спорната набавка и да ги замрзне банкарските сметки поврзани со издавач за кој се сомнева дека ги снабдувал книгите. Случајот се однесува на библиотеката Перијар Аривулагам, чија изградба чинела околу три милијарди рупии (30,7 милиони евра). Авторот Муруган тврди дека речиси 1.800 книги на тамилски јазик биле купени од малку познат издавач, Агал Вилаку Патипагам, а меѓу спорните примери се публикации со непознати автори, невообичаено високи цени и сомнителни меѓународни стандардни броеви на книги (ISBN). Дополнителни сомневања покрена книга пронајдена во друга јавна библиотека, во која како автор е наведен познатиот економист Жан Дрез. Сепак, тој рече дека не ја напишал книгата и изрази загриженост дека неговото име е употребено без дозвола. Некои книги веќе се отстранети Министерот за образование на државата Тамил Наду, А. Рајмохан, го опиша случајот како потенцијално „прва измама со вештачка интелигенција во Индија“ и најави преглед на купувањата во јавните библиотеки низ целата држава. Тој рече дека 523 книги веќе се отстранети од историската библиотека Конемара во Ченај, на југоистокот од земјата, поради сомневања за нивната автентичност и квалитет. Повеќе од 160 писатели, истражувачи, уметници и издавачи потпишаа заедничка изјава во која бараат независна истрага, објавување на документи за набавки и ревизија на фондот на библиотеката. Случајот, исто така, предизвика политички спор, при што сегашната влада ја обвини претходната администрација на Дравида Мунетра Кажагам (DMK) за нарачка на спорните книги. DMK ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани и исто така побара истрага. Сè уште не е познато дали спорните книги се всушност создадени со помош на вештачка интелигенција, а истрагата треба да утврди и дали имало злоупотреба на јавни пари при нивната набавка.Тагови: библиотека вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПутин се согласи Европа да се приклучи на преговорите Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда преговори за завршување на војната во Украина.„Европејците ќе се приклучат на следниот состанок, кој го сметаме за исклучително важен момент бидејќи тие се наши партнери, а нивното учество е важно за нас“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Кремљ. Џаред Кушнер, кој заедно со Виткоф се сретна со рускиот претседател, му рече на Путин дека забележал „голема промена“ во ставот на европската страна и дека е убеден дека вклучувањето на европски претставници нема да го забави напредокот на преговорите. Путин: Европејците го прекинаа дијалогот Путин изјави дека никогаш не бил против дијалогот со Европа, тврдејќи дека европските земји ја прекинале комуникацијата со Москва. „Тие се оние што го прекинаа дијалогот со Руската Федерација“, рече Путин. „Многу би сакале вие, господа, и целата американска администрација да соработувате со вашите европски сојузници за конечно да одлучат дали сакаат мир или војна во Украина“, додаде рускиот претседател. Сепак, Путин предупреди дека европскиот план за испраќање војници во Украина по евентуален мировен договор веднаш ќе доведе до обнова на војната, бидејќи Русија би го сметала таквиот потег за закана за сопствената безбедност. Датумот и местото на следните преговори не се објавени Досега не е познато кој ќе ја претставува Европа во следната рунда преговори, а не се објавени ниту датумот ниту местото на нивното одржување. Соединетите Американски Држави и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Европа да назначи претставник кој ќе преговара со Москва во нивно име. По средбата во Кремљ, се очекува Виткоф и Кушнер да отпатуваат во Даблин, каде што треба да го информираат Зеленски за денешните разговори со Путин.Тагови: Владимир Путин Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20