БалканПарламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владатаПарламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков.Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка. Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи (АПС) и Морал, единство, чест (МЕЧ). - Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Без оглед на тоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта доаѓа од суверенот и гласот на народот. И младите и старите го кренаа својот глас за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри, истакна вчера Жељазков. Оставката следеше по големите протести, предизвикани од контроверзните буџетски планови на владата. Бугарската Влада на крајот на ноември го повлече нацрт-буџетот, што веќе беше доставен до Парламентот, по масовните протести на партиите и синдикатите ширум земјата и предупредувањето од Европската комисија дека нацрт-буџетот не е во согласност со буџетските правила на ЕУ. Протестите ескалираа во општо незадоволство поради корупција, неправда и неуспех во многу сектори од работата на владата. Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без „воздржани“. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПотрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)Спасувачкиот тим на планината Елбрус работи со проширени капацитети за да стигне до телата на граѓаните на Босна и Херцеговина кои загинаа поради влошување на временските услови, објавија тие.Според информациите објавени во 10 часот наутро, спасувачкиот тим е засилен и ги бара исчезнатите алпинисти во планинскиот масив Елбрус. Во операцијата учествуваат 16 спасувачи. Спасувачи од Одделот за вонредни ситуации Елбрус на руското Министерство за вонредни ситуации, водичи и придружници, спасувачи од центарот „Лидер“ на руското Министерство за вонредни ситуации и спасувачи на „КАВКАЗ.РФ“. Да потсетиме дека за време на искачувањето на Елбрус загинаа д-р Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Сите беа од Зеница, а Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ преживеаја. Драмата на највисокиот врв во Европа започна вчера, кога група од седум члена тргна на искачување. Иако временските услови првично беа поволни, ситуацијата набрзо се промени. Ветерот достигна брзина од 45 километри на час, а до утрото се зголеми на околу 70 километри на час, што го отежнуваше останувањето на планината. Еден од преживеаните успеа сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот беше пронајден од спасувачите. Двајцата беа однесени во болница, каде што им беше укажана медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации за регионот Кабардино-Балкарија, објави дека спасувачките служби водат натчовечка битка со суровите временски услови на планината. „Телата на алпинистите се наоѓаат на таканареченото „седло“ на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство. Заедно со ова соопштение, министерството објави и видео-снимка што сведочи за екстремните и недостапни услови на теренот. View this post on Instagram A post shared by 𝐄𝐋𝐁𝐑𝐔𝐒 5642м.🇷🇺 (@07_elbrus) Министерството за вонредни ситуации потврди дека двајцата спасени алпинисти веќе се евакуирани и предадени на медицински работници за понатамошна нега.Тагови: Елбрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)Фудбалерот Герман Бертераме од американскиот клуб Интер Мајами се повреди на натпреварот од МЛС против Монтреал.Бертераме скокна со двајца противнички играчи - Даниел Переира и Ефаин Моралес. Но, не се снајде добро во тој дуел. Откако се урна, остана да лежи на тревникот. Неговите соиграчи, како и противниците, сфатија дека нешто не е во ред со него. Го свртеа на страна и френетично ги повикаа лекарите да влезат на теренот. Единственото добро нешто што произлезе од таа ситуација беше што повремениот мексикански репрезентативец изнуди пенал, кој го реализираше Луис Суарез. Можете да ја видите ситуацијата ТУКА. Бертераме постигна седум гола на 17 натпревари оваа сезона. Тој дојде во Мајами во првиот месец од оваа година за 12,6 милиони евра од Монтереј, Мексико. Деталите за неговата повреда сè уште се непознати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМаж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook