Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
3Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
БалканПарламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години.Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116, од нив за првпат 114.642 лица. Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113. На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните резултати. За остварување на ова право, земјата ќе потроши 10 милиони евра. Иако надвор од земјата се најмалку 1,3 милиони албански граѓани според прифатените апликации ова право треба да го остварат 245.935 лица. До вчера тоа право го оствариле околу 80 отсто, поточно нивните пликови со гласачкото ливче се пристигнати во Тирана, во определено место за администрирање на овој процес - Спортската палата „Фети Борова“, во близина на Олимпискиот парк. Тука се подготвуваа и оттука испраќаа ливчињата, а таму ќе се пребројуваат и гласовите, кои ќе пристигнат денеска до 19 часот, во спротивно ќе се сметаат за неважечки. Новите 140 пратеници, колку што брои Законодавниот дом, по првпат се избираат по принцип на затворени листи, што значи сигурни мандати (92, по 46 на Социјалистичката и Демократската партија која отстапи дел од пратеничките места на помалите партии со кои е во изборна коалиција) и 48 на отворени листи, за кои во трка се 2046 кандидати на 11 политички партии и коалиции. Во 12 изборни единици, ќе се гласа на 5.225 избирачки места, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ја предводи амбасадорот Ламберто Заниер, се состои од тим од 12 експерти со седиште во Тирана. Исто така дел од мисијата, се и 26 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат во Тирана и ќе бидат распределени низ цела Албанија, додека 300 краткорочни набљудувачи пристигнаа деновиве. Денеска ќе има побројна мисија со делегации од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа и делегација од Европскиот парламент. Денешните избори се првите парламентарни избори откако Албанија формално ги започна преговорите за пристап во Европската Унија во јули 2022 година. Премиерот Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се борат за четврт последователен мандат, додека опозицијата „Алијанса за величествена Албанија предводена од Демократската партија (ДП), на Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, следена од помали 25 политички партии и движења, ќе се обиде да се врати на власт. Овие избори се сметаат за одлучувачки момент за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината долгогодишна аспирација за влез во ЕУ. Социјалистичката партија ја започна својата изборна кампања на 12 април напладне, на плоштадот „Скендербег“, со многу симболика. Во центарот на бината имаше рака со пет испружени прсти и знамето на ЕУ, но со 12 ѕвезди, кои требаше да го нагласат 12-годишното владеење на СП и да испратат централна порака дека интеграцијата во ЕУ е главната политичка цел на оваа партија. Слоганот „Албанија 2030 во ЕУ едиствено со Еди Рама и СП“ дополнително ја нагласува оваа порака. -Не случајно сме овде на 9 мај, на Денот на Европа, да го кажеме последниот збор на ова патување и потоа заедно со најголемото мнозинство Албанци да одиме пред гласачките кутии и таму меѓусебно да го потпишеме нашиот голем договор за европска Албанија, за Албанија во ЕУ. На 11 мај да гласаме за Албанија во ЕУ до 2030 година, порача Рама на петочниот завршен митинг. Изборната опозициска коалиција, во која е и Партијата на слободата, на поранешниот шеф на државата Илир Мета, кој иако е во затворски притор, поради корупција и перење пари, кој, по негово барање е на отворената листа во ИЕ Тирана, ветува подобрување на животниот стандард на граѓаните, просечна плата од 1.200 евра, зголемување на пензиите, стопирање на миграцијата на младите. - Гласајте на 11 мај за вашата благосостојба, бидејќи нашата програма во првите 100 дена предвидува многу поволности за сите сектори. Дојдете заедно и гласајте за промена, тоа е глас за вашиот успех. Ви давам чесен збор дека ќе ги укинеме сите актуелни закони на Еди Рама кои го ограбуваат целиот имот како во 1946 година, рече Бериша на завршниот изборен митинг во петокот. Амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ, им порачаа на албанските граѓани слободно да го дадат гласот, охрабрувајќи ги да гласаат без страв“ „Не дозволувајте другите да зборуваат за вас. Вашиот глас е само ваш. Гласајте без страв“, се вели во пораката од Американската амбасада. Во меѓувреме и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Тирана Мишел Таран порача дека „на учеството на избори не треба да се гледа само како на право, туку како на граѓанска обврска, тесно поврзана со одговорноста што секој поединец ја има во зајакнувањето на демократијата“. Порака до своите граѓани упати и претседателот Бајрам Бегај „достоинствено да излезат и слободно да го дадат својот глас, што е нивно демократско право“. На претходните избори во 2021 година само четири партии освоија пратенички места, при што Социјалистичката партија доби 74 пратеници, Демократската партија 59, Партијата на слободата четири и Социјалдемократската партија три. Каков ќе биде соодносот на силите во новиот Законодавен дом сепак ќе одлучат граѓаните, иако и едните и другите се убедени во изборна победа. Тагови: Албанија избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДата центрите во Германија трошат електрична енергија колку 6,5 милиони домаќинстваСпоред проценките на индустриското здружение „Битком“, потрошувачката на електрична енергија во германските дата центри значително ќе се зголеми во наредните години, како резултат на брзиот развој на вештачката интелигенција.Како што се наведува во студијата на „Битком“ објавена вчера, годинава центрите за податоци и помалите ИТ-објекти во Германија ќе потрошат приближно 23 терават-часови електрична енергија – количина што одговара на вкупната годишна потрошувачка на околу 6,5 милиони домаќинства. Според пресметките на „Битком“, се очекува потрошувачката да се зголеми на 35 до 38 терават-часови до 2030 година, а до 2035 година би можела да достигне меѓу 56 и 70 терават-часови. Во меѓувреме, Норвешката дирекција за водни ресурси и енергија (NVE) неодамна процени дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци би можела да порасне од сегашните 3–4 терават-часови годишно на 25 терават-часови до 2035 година – проекција направена во контекст на ограничениот потенцијал за проширување на капацитетите за производство на електрична енергија. Предупредувања за проблемите со електроенергетската мрежа Германското здружение предупредува дека амбицијата на земјата да стане центар за дигиталната индустрија би можела да биде попречена од недоволниот капацитет на електроенергетската мрежа и долгите постапки за добивање дозволи. „Секој што ќе заостане во изградбата на инфраструктура, брзо ќе ја изгуби позицијата и во областа на вештачката интелигенција“, изјави претседателот на „Битком“, Ралф Винтергерст, на Дигиталниот самит во Берлин. За Германија да може да држи чекор со меѓународната конкуренција, здружението повика на насочено намалување на трошоците за електрична енергија и забрзување на процедурите за планирање. Килијан Вагнер, раководител за одржлива дигитална инфраструктура во „Битком“, предупреди дека компаниите нема да се откажат од дигиталната трансформација, а граѓаните нема да престанат да користат дигитални услуги, дури и ако Германија нема доволно центри за податоци. Според Вагнер, во таков случај Германија само ќе стане уште позависна од странски земји, а компаниите ќе ги градат своите центри за податоци надвор од државата. Колку вода трошат дата центрите? Здружението исто така се осврна на загриженоста во врска со големата потрошувачка на вода во современите центри за податоци. Според нивните податоци, две третини од податочните центри во Германија трошат најмногу еден децилитар вода по киловат-час електрична енергија. Податочните центри што се ладат преку испарување трошат најмногу вода, но, според „Битком“, ваков систем се користи во приближно една третина од дата центри во Германија. Извор: Индекс.хрТагови: Германија дата центри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва се отвора 26. Скопје филм фестивал: Филмската елита пристигнува на црвениот тепих пред МНТВечерва, во Македонскиот народен театар (МНТ), официјално ќе биде отворено 26. издание на Скопје Филм Фестивал, кое годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и силно меѓународно присуство. Програмата започнува во 19:30 часот со дефилето на црвениот тепих, каде што ќе пристигнат голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци. Почетокот на официјалната церемонија е закажан за 20:00 часот. Во рамките на отворањето, за првпат ќе биде доделена фестивалската награда „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Оваа година признанието им припаѓа на полските автори: режисерката Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и снимателот и режисер Михал Енглерт (Michał Englert). По доделувањето на наградата, фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на нивниот најнов филм „ИДИОТ(и)“ (The Idiot(s)), во кој главните улоги ги толкуваат Џони Флин и Ејми Лу Вуд. Годинашното издание на фестивалот привлече истакнати професионалци од европската и регионалната филмска индустрија. Во Скопје веќе престојуваат членовите на меѓународното жири и на Фестивалскиот совет: британскиот филмски критичар и селектор Филип Бергсон (Philip Bergson), британскиот продуцент Стив Абот (Steve Abbott), регионалниот продуцент Мирослав Могоровиќ (Miroslav Mogorović), српскиот режисер Павле Вучковиќ (Pavle Vučković), германската филмска селекторка Даниела Вебер (Daniela Weber), како и македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска и режисерот Даријан Пејовски. Помеѓу специјалните гости на церемонијата, се очекува и присуството на познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Заедно со нив, на фестивалот ќе присуствуваат и авторите кои лично ќе и ги претстават своите остварувања на скопската публика: Халкавт Мустафа (Halkawt Mustafa), режисер на филмот „No Paradise If You Are Killed by a Woman“; Лоренс Фахардо (Lawrence Fajardo), режисер на филмот „Silenced Nights“; Димитрис Накос (Dimitris Nakos), режисер на филмот „Life in a Beat“; Габор Холтаи (Gábor Holtai), режисер на филмот „Feels Like Home“; Сузане Хајнрих (Susanne Heinrich), режисер и сценарист, и Марчело Бусе (Marcelo Busse), кои го претставуваат филмот „The Miserable Mother“. Во деновите што следат, од денес до 9 ноември, Скопје Филм Фестивал ќе понуди исклучително богата и разновидна филмска програма исполнета со премиери на истакнати авторски остварувања, фестивалски фаворити, динамични филмски разговори и ексклузивни мастерклас сесии со предавачи-гости. Фестивалскиот Центар е лоциран во Младинскиот Културен Центар, додека проекциите ќе се одвиваат на две препознатливи културни локации во градот — Македонскиот народен театар (МНТ) и киното „Фросина“ во МКЦ. Билетите за сите проекции, вклучително и за свеченото отворање, се веќе достапни во продажба преку мрежата на MK TicketsТагови: Скопје филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрва реакција на Москва на резултатите од изборите во САДСергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави.Насоката на надворешната политика на Русија – вклучително и нејзиниот став за решавањето на украинското прашање – не е диктирана од тековните политички околности, ниту пак зависи од политичките промени во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи. Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави. „Да ги почекаме конечните резултати. Ставовите на претставниците на Демократската партија кон Русија се изразито негативни. Во тоа нема ништо ново“, изјави Рјабков за „Спутник“. Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето дали резултатите од среднорочните избори би можеле да ги искомплицираат односите со САД, особено во однос на решавањето на украинското прашање. „Нашиот принципиелен и доследен став за Украина, како и нашата надворешна политика во целина, не се диктирани од тековните политички околности и, природно, не зависат од политичките промени во други земји. Ќе постапуваме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков. Според прелиминарните резултати и проекциите, демократите излегоа како победници на среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во јануари, тие ќе обезбедат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00