Паркови, намалување на загадување, трет ден од предизборната кампања за локалните избори - Канал 5

Паркови, намалување на загадување, трет ден од предизборната кампања за локалните избори

По еден парк секој месец ветува Шукова, Ѓорѓиевски дава збор дека ќе биде човекот кој ќе стави крај на главните извори на загадување. 

Паркови, намалување на загадување, трет ден од предизборната кампања за локалните избори

Квалитетот на воздухот избива на врвот на агендите на кандидатите за градоначалници за Град Скопје.. Шукова вели дека создавањето на нови и обновувањето на постоечките зелените површини, кои обвнини ги запуштило ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат ревитализирани, а како итна мерка ја ги гледа и филтрите за оџаците на домаќинствата...

-Согласно сите анализи 50% од загадувањето во Скопје доаѓа од домаќинствата и мора да им се помогне. Предвидовме бесплатни филтри за оџаците за домаќинствата ова е пракса од многу европски градови и покажало резултати. Секоја година по 5 до 10 илјади домаќинства односно за нивните оџаци каде излегуваат голем дел од ПМ честичките да им се постават филтри кои ќе ги задржуваат честичките,- - Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје – СДСМ .

Ѓорѓиевски, кој најави нов кружен тек во Аеродром, вели дека и сообраќајните решенија за подобар проток на возила ќе влијаат брз амбиенталниот воздух. Со Шукова е на иста линија околу филтрите, но вели пристапот кон загадувањето ќе биде системски и борбата со истото ќе се води на неколку „фронтови“, кои уверува дека ќе ги победи.

-Градот ќе реагира, градот нема да биде нем набљудувач на процесите. Субвенционирање на граѓаните за поставување на оџаците современи филтри но и постапување против оние за кои постои сомнеж во јавноста но и кај мене лично дека влијаат на загадување на амбиенталниот воздух кои сметам дека недоволно се контролирани изминатиов период од службите кои треба да вршат контрола,- - Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО- ДПМНЕ.

Кандидатот на „Независни заедно“ – професорот Горан Марковски пак денешната агенда ја посвети на пречистителната станица за отпадни води кој е најголемиот капитален проект на Скопје во фаза на реализација, а за кој вели бил успешно „извалкан“ од дневно политичките игри. Порача, граѓаните на Скопје мора да добијат здрава и чиста околина.

-Имајќи ги предвид досега завршените работи, за две години овој проект би бил завршен. Досега се завшрени околу 30% од предвидените работи имаше одредени проблеми при добивањето на одобрението за градење меѓутоа сето тоа е надминато. Со ова сите отпадни води од Скопје ќе бидат прочистени и чисти понатаму пренесени во Вардар,- - Горан Марковски – кандидат за градоначалник на Скопје – „Независни заедно).

Постапката за пречистителната станица која е позиционирана кај Трубарево и која треба да чини околу 190 милиони евра беше започната во декември 2019 година, а тендерот се распиша половиина година подоцна, кога беше и ветено дека во 2025 ќе биде во функција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи.

Во образложението на жирито се истакнува:

„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“

Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ.

Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ.

Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер