Паркер ги разочара Французите - Канал 5

Паркер ги разочара Французите

Тони Паркер кој беше предводник на француската кошаркарска репрезентација до шампионската титула на неодамна завршеното Европско првенство, предизвика негодување кај француската јавност по изјавата дека речиси сигурно нема да настапи на Светското првенство следната година.

Паркер ги разочара Французите
МВП играчот од ЕП и играч на НБА тимот Сан Антонио, за американските медиуми изјави дека со веројатност од 95% ќе го пропушти Мундобаскетот во Шпанија 2014 година.

Најдобриот француски кошаркар летово во Словенија одигра одлично, го доби признанието за најкорисен на целиот турнир и беше најзаслужен за првото европско злато на неговата земја.

По првичниот шок во Франција поради најавеното отсуство за СП на нивната НБА ѕвезда, најавени се разговори од страна на првите луѓе на федерацијата со цел да го предомислат Паркер и да го убедат да им помогне на неговите репрезентативни колеги на патот до уште еден медал од големите натпреварувања. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%

Летната турстичка сезона е во полн ек, но статистика регистрира значително намалување на бројот на странски туристи во јуни годинава, во однос на истиот месел лани.

Во јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%

Годинава во јуни имало 87.618 странски туристи што е за 13% помалку во однос на јуни лани, кога имало над 100.000. Просечно тие остануваат во земјава по две ноќевања.

И натаму најбројни се туристите од Турција, околу 25.000, а потоа следат Србија со 8.500, Германија нешто на 4.000 и Бугарија со 3.200 туристи.

Вкупно, во првите шест месеци од годинава, во земјава дошле 396.633 странски туристи што е за 0.3% повеќе во однос на првото полугодие лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!

По речиси две децении на највисокото ниво на европскиот фудбал, легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчез ја продолжува кариерата во американската МЛС-лига, откако потпиша двегодишен договор со Монтреал.

По 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!

37-годишниот Санчез пристигнува во Канада како слободен играч, откако му истече договорот со Севиља.

Иако раководството на шпанскиот клуб му понудија продолжување на соработката за уште една година – откако тимот успешно избегна испаѓање од елитната лига – Чилеанецот одлучи да ја одбие понудата и да побара нов предизвик преку Атлантикот.

Со преселбата во Монтреал, Санчез станува дел од лигата која што доживува неверојатна експанзија и привлекува се поголем број на светски фудбалски ѕвезди.

Во МЛС-лигата, Санчез го очекуваат поранешни соиграчи и ривали како Лионел Меси, Луис Суарез, Хеунг-мин Сон, Томас Милер, Роберт Левандовски, Касемиро и Антоан Гризман.

Европската авантура на Санчез започна уште во 2006 година кога потпиша за Удинезе, по што следеа позајмици во Коло-Коло и Ривер Плата.

По враќањето во Италија, тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, што му донесе трансфер во Барселона под водство на Пеп Гвардиола.

Во текот на својата блескава кариера, тој настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј, Интер Милано и Севиља, освојувајќи вкупно 16 трофеи.

Меѓу значајните успеси се вбројуваат титулата во шпанското првенство и Светското клупско првенство со Барселона, двата трофеја во ФА Купот со Арсенал, како и двете титули во Серија А (Скудето) освоени со Интер Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Централна банка со важно предупредување: Не потпирајте се само на картички – чувајте готовина дома

Што ако престанат да работат картичките? Шведска им даде совет на граѓаните.

Централна банка со важно предупредување: Не потпирајте се само на картички – чувајте готовина дома

Шведската централна банка упати важно предупредување до граѓаните – сите полнолетни жители би требало дома да имаат доволно готовина за да ги покријат основните трошоци во текот на една недела, за да можат да купат храна, лекови и други неопходни производи во случај на војна или друга сериозна криза.

Препораката ја издаде „Sveriges Riksbank“, централната банка на Шведска, а ја пренесува „Блумберг“.

На граѓаните им се советува дома да имаат околу 1.000 шведски круни по возрасен, што е приближно 110 долари. Освен готовина, се препорачува поседување банкарски картички од различни издавачи, како и користење на локалниот систем за електронско плаќање „Swish“.

Ова се првите насоки што шведската централна банка директно им ги упати на граѓаните кога станува збор за начините на плаќање во вонредни околности.

„Граѓаните се важен дел од целокупната одбрана на Шведска и се клучни за зајакнување на националната подготвеност. Пристапот до различни начини на плаќање ја зголемува способноста на населението да врши трансакции во случај на привремени нарушувања, кризи или, во најлош случај, војна“, порачаа од Sveriges Riksbank.

Препораките се дел од пошироката стратегија на шведските власти за подготовка на населението за можните последици од воени или сајбер-напади, во период на зголемени безбедносни ризици.

Владата и претходно на секое домаќинство му испраќала брошури со инструкции како да се подготви за кризни ситуации. Во нив, меѓу другото, е наведено колку вода за пиење треба граѓаните да имаат во резерва, како и на кој начин можат да ги следат вестите доколку дојде до прекин на електричната енергија.

Посебна ранливост претставува фактот што шведскиот систем за плаќање е еден од најдигитализираните во светот.

Само приближно една од десет трансакции во земјата се врши со готовина, поради што евентуалните прекини во функционирањето на електронските системи би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во секојдневниот живот.

Токму затоа, Sveriges Riksbank побара и донесување нов закон со кој би се заштитил статусот на готовината како средство за плаќање, но таков пропис сè уште не е усвоен.

Слични препораки до граѓаните веќе упатија и централните банки на Финска и Норвешка. На жителите им се советува дома секогаш да имаат одредена количина готовина, но и повеќе банкарски картички, за да имаат алтернатива во случај на проблеми со еден од системите за плаќање.

Извор: Бизпортал

фото: Engin_Akyurt/ Pixabay

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер