Париз одбројува часови до спектакуларното отворање на 33 Олимписки игри - Канал 5

Париз одбројува часови до спектакуларното отворање на 33 Олимписки игри

Во следните дваесетина дена Франција ќе биде спортскиот центар на светот и домаќин на најголемата смотра на светскиот спорт 33 Олимписки игри.

Париз одбројува часови до спектакуларното отворање на 33 Олимписки игри

Најавеното спектакуларно отворање на игрите започнува во 19 -30 часот и ќе се одвива околу најголемите и најзначајните спомен обележја на Париз.

Спомениците Нотр Дам, Лувр, и реката Сена ќе бидат срцето околу кое ќе се одвива целата церемонија која се најавува како мешавина на уметност и спорт во главниот град на Франција познат и како градот на светлината.

Околу 7000 спортисти од вкупно 10500 од 204 земји, колку ќе учествуваат на олимпијадата во специјални 85 чамци во боите на своето знаме ќе продефилираат низ реката Сена од мостот Остерлик до Ајфеловата кула и мегапопуларниот Трокадеро.

Меѓу нив ќе биде и македонската делагција во која се шесте спортисти Владимир Егоров,Никола Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска, ,Еди Шерифовски, и знаменосците на свеченото отворање Мила Релиќ, и Дарио Ивановски.

Во уметничкиот дел на дефилето ќе видиме околу 3000 танцувачи долж реката Сена, но секако спектакуларно ќе биде и небото над Париз .

По течението на Сена ќе има и 80 џиновски лед монитори на кој ќе може да се следи отвирањето. Спектаклот во Париз се очекува да го гледаат повеќе од 1 милијарда тв гладачи. Но организаторот во најголема тајност ги чува најважните детали од отворањето. Се уште не е познат легендарниот спортист кој ќе го запали олимпискиот оган и секако начинот како ќе го стори тоа.

Се споменуваат имињата на трикратна олимписка шампионка Мари Жозе Перек и фудбалската ѕвезда Зинедин Зидан.

Во тајност се чуваат и имињата на музичките ѕвезди кои ќе настапат на отворањето. Медимите шпекулираат со имињата на светските ѕвезди Селин Дион, Лејди Гага и Дуа Липа.

На грандиозното свеченото отворање е најавено и присуството и на десетици светски лидери.

Париз инаку вечерва ќе биде и најбезбедниот град на светот, околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на спортистите и граѓаните кои ќе бидат на парадата покрај реката сена, нејзиниот брег и околните споменици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Бројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс.

На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери.

Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори.

„Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението.

Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Силно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

Од 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер