Други спортовиПариз ги претстави своите адути за организацијата на ОИ 2024Париз ги откри своите адути за да ја претвори француската престолнина во домаќин на Олимписките игри во 2024 година.Со 70% од веќе постојната инфраструктура и добро подготвениот проект, Градот на светлината се наоѓа во сериозна конкуренција со Лос Анџелес, Рим и Будимпешта, јавува дописникот на МИА. Но, не е само Париз, кој е мобилизиран за кандидатурата за домаќин на Олимписките игри во 2024 година, тука е целиот париски регион, но и Марсеј, каде ќе се одржат натпреварите во едрење Лион, Тулуз, Бордо, Нант, Лил, Сант Етиен и Ница, кои треба да бидат домаќини на фудбалските натпревари. - Зад кандидатурата на Париз е цела Франција, нагласи премиерот Мануел Валс. -Оваа кандидатура е кандидатура на сите, вели Бернар Лапасе, претседателот на Меѓународниот рагби бординг и задолжен да биде носител на проектот за кандидатурата на Париз, заедно со тројниот олимписки победник Тони Естангет. Олимпиското село на атлетите ќе биде во Градот на филмот на Лук Бесон во Сен-Сан Дени. Селото ќе се протега на 50 хектари од кои 5,7 хектари се водени површини. Неговата предност, тоа ќе биде на само два километри од главните стадиони на кои ќе бидат спортските дисциплини. Така, атлетиката ќе биде на стадионот Стад де Франс, додека аква паркот исто така во Сан Дени. Концептот на Париз е во тоа што 80% од сите спортски инсталации ќе бидат во реон од 10 километри од Олимпиското и Параолимпиското село. Така 85% од атлетите за помалку од 30 минути ќе бидат на нивните стадиони. Од сите 36 олимписки стадиони, само еден постојан треба да биде изграден наново до 2024 специјално за игрите, а тоа е аква паркот. Тој треба да ги прифати натпреварите во пливање, скок, синхорнизирано пливање, со капацитет од 15 000 места. По Игрите тој ќе остане за употреба како центар за забава со капацитет од 2500 места. Благодарејќи на Игрите, спортот треба да биде во срцето на јавниот простор. Покрај натпреварувањата кои се одвиваат на пат. Кои ќе поминуваат низ париските улици, некои од нив ќе бидат на амблематични места со цел да се вреднуваат спомениците на Париз. Ајфеловата кула на пример ќе биде стартот за триатлон и пливање во слободни води, но исто така и за одбојка на плажа. Елисејските полиња ќе бидат пистата за велосипедските трки на пат и Инвалидите за натпреварите за стрелање со лак. Големата палата домаќин на шампионите во мечување или теквондо. Најдобрите јавачи ќе бидат во Версај. Без да се заборави Роланд Гарос за тенис, Зенит за бокс, Паркот на принцовите за фудбал. Стад де Франс домаќин на натпреварите од атлетиката, ќе биде местото каде ќе бидат свеченостите за отворање и затворање на олимписките игри во 2024 година, ако Париз биде избран за домаќин на истите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter