Париз домаќин на состанок на воени претставници од 30 земји - Канал 5

Париз домаќин на состанок на воени претставници од 30 земји

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на Генералштабот на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност.

Париз домаќин на состанок на воени претставници од 30 земји

Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО.

По денешниот состанок, во среда, францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну ќе ги собере своите колеги од групата Е5 - Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО. На средбата со видео конференција ќе учествува и украинскиот министер за одбрана. Разговорите ќе се однесуваат на помошта за Украина и повторното вооружување на Европа.

Земјите од ЕУ веќе дадоа зелено светло на планот кој има за цел да мобилизира до 800 милијарди евра во текот на четири години за зајакнување на одбраната на континентот и за помош на Украина.

Во петок, Макрон ќе ги собере и француските индустријалци од областа на одбраната, кои беа повикани да го забрзаат темпото од почетокот на руската инвазија на Украина и кои сега мора да се подготват за нови нарачки.

Како што пренесуваат странските агенции, и владата ќе треба да ги убеди француските парламентарци во време на затегнати државни финансии дека Франција ќе треба да издвојува 100 милијарди евра за одбраната годишно наместо 50 милијарди евра. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Ново Село продолжува да се развива. 

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации.

Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село.

Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување.

Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните.

По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија.

Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура.

Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите.

Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура.

Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места.

Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Со новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. 

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации.

За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери.

Граѓаните арамијата ги остави сами.

Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари.

Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка.

Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството.

Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари.

Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната.

Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ.

Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор

Во среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.

Министерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор

Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер