Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси
2Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЖивотПариската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратитеМакрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година. Во Париз ќе се одржи церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го одржа своето ветување дека изгорениот скапоцен камен на готската архитектурата ќе биде повторно отворен во 2024 година, но сјајот на таа инаугурација ќе остане во сенка на актуелната политичка криза во земјата. Макрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година. Најавено е дека ќе се одржи прва миса отворена за пошироката јавност, јавија француските медиуми. Своето присуство на церемонијата го потврди и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде негово прво патување откако во ноември победи на изборите во САД. Претседателот на Франција на 29 ноември ја посети Нотр Дам заедно со камери кои го открија раскошот на обновената зграда. Макрон се надева дека церемонијата на отворање на катедралата за него ќе биде голем дипломатски состанок со пристигнувањето на околу 40 шефови на држави и влади. Точно на 15 април 2019 година, пожар ја опустоши катедралата, симбол на христијанството кој беше вклучен во светското наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО). Дотогаш, катедралата добиваше 12 милиони посетители секоја година. Беа потребни неколку месеци да се отстранат 40.000 јагленисани цевки што ја опкружуваа катедралата пред пожарот и да се демонтираат статуите поради реставрација. Тој процес, прекинат за време на епидемијата на коронавирусот, се спроведуваше под висок степен на безбедност, беше завршен во летото 2021 година и чинеше 150 милиони евра. Реконструкцијата почна во есента 2021 година на градилиштето на катедралата, каде беа поставени внатрешни и надворешни скелиња, како и бројни работилници на столари, стаклари и каменоресци. За Французите, катедралата Нотр Дам не е само светски позната средновековна готска катедрала, туку срцето на Париз и градба овековечена од писателите и дел од историјата на нацијата. Изградбата на катедралата била почната во 1163 година од страна на епископот Морис де Сали, а била завршена речиси два века подоцна во 1345 година. Нотр Дам е тесно поврзан со историјата на Французите. Нејзините моќни ѕвона биеле на 24 август 1944 година за да го одбележат ослободувањето на земјата од нацистите, а 26 години подоцна тие заѕвонија на погребот на водачот на Отпорот, генералот Шарл де Гол. Катедралата ја опеал поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година ѝ ја посветил песната „Богородичната црква во Париз“. Една година претходно, Виктор Иго го напиша романот „Богородичната црква во Париз“, за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЈанчев: Средба со делегација од ИзраелСредба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел.Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, која престојува во Македонија предводена од г-дин Гилат Шадмон генерален директор на Министерството за регионална соработка на Израел. На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен фокус на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и размената на искуства и добри практики. Посетата има за цел да отвори можности за идни партнерства и конкретна соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, стартапите и другите релевантни чинители од двете земји. Кавадарци останува отворен за нови меѓународни партнерства и иницијативи кои создаваат можности за развој, инвестиции и размена на знаења и искуства, објави на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМанасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интересиСДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси.Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС. Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДС. Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДС, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари. Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ. Почитувани граѓани, Ова се луѓето кои СДС и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството. Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ, имаат име и презиме. Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеФранкфурт издаде предупредување поради маларијаФранкфурт издаде предупредување поради маларија. Се појавија два нови случаи на зараза.Од јули во Франкфурт се регистрирани осум случаи на маларија, од кои два завршиле со смртен исход. По потврдувањето на два нови случаи, градскиот здравствен оддел издаде официјално предупредување со кое ги повикува граѓаните на претпазливост во врска со оваа тропска болест што ја пренесуваат комарците, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Новите случаи неодамна се регистрирани во населбата Шванхајм, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот во Франкфурт. Здравствените власти испитуваат можна поврзаност, бидејќи неодамна заразените лица биле главно вработени на аеродромот. Се претпоставува дека комарците пристигнуваат преку авиони, преживуваат во новата средина и ја шират заразата преку каснувања. Навремената дијагноза е клучна за успешно лекување на маларијата, но проблемот е што раните симптоми често наликуваат на грип или настинка. „Затоа е од витално значење да се земе предвид можна инфекција со маларија штом ќе се појават такви симптоми“, соопштија властите во Франкфурт. Типичните симптоми вклучуваат треска, грозница, главоболка и болки во екстремитетите; можни се и дигестивни проблеми. „Таквите знаци често се мешаат со грип или гастроинтестинална инфекција“, објаснуваат од Институтот „Роберт Кох“. Постојат неколку форми на болеста и не сите се смртоносни. Најопасната форма е *malaria tropica* (тропска маларија), која може да биде фатална доколку не се дијагностицира и лекува брзо. Поради тоа, германското Министерство за надворешни работи ја класифицира како болест што претставува закана по животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00