Парис Хилтон за Божиќ позира со сопругот и децата: Не можев да замислам (ФОТО) - Канал 5

Парис Хилтон за Божиќ позира со сопругот и децата: Не можев да замислам (ФОТО)

Парис Хилтон ги објави првите божиќни фотографии со синот Феникс и ќерката Лондон.

Парис Хилтон за Божиќ позира со сопругот и децата: Не можев да замислам (ФОТО)

Манекенката, нејзиниот сопруг Картер Реум и малиот Феникс позираа во исти пижами. Парис во раце ја држеше и својата новородена ќерка Лондон. Им се придружи и нивното куче.

"Среќен Божиќ! На почетокот на 2023 година не можев да замислам каква среќа и благодарност чувствувам сега. Моето прекрасно семејство - мојот сон се оствари", напишала Парис во описот на објавата.

За потсетување, Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Парис Феникс беше првото дете, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со реалити ѕвездата Лаура Белизи. Двојката неодамна доби ќерка.

„Благодарам за моето девојче“, неодамна откри Парис на социјалните мрежи.

Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година. Тие беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се верија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. 

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек.

Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа

Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот.

Жител: „Слушнав околу пет истрели“

Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој.

Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец.

Точните локации сè уште се утврдуваат

Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа.

Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин

Од Абу Даби преку Москва до Даблин. Се интезивираат дипломатските напори за мировно решение во Украина. 

Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин

Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици.

Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас.

-Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.

-Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент.

Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања.

-Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција

Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. 

Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција

На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава.

-Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам.

Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам.

- Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам.

Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер