Олимписки игриПараолимпиец бил прегазен од автономен автобус во Олимпиското село во ТокиоЈапонскиот џудист Арамицу Китазоно (30) заврши во болница откако бил удрен од автонимно возило во параолимпиското село во Токио додека минувал на пешачки премин.Китазоно се здобил со повреди на главата и двете нозе, но не бил сериозно повреден и ќе закрепне за две до три недели. Сепак, за него, настапот во ПОИ заврши уште пред да започне. Инцидентот се случил кога автоматското електрично возило, наречено е-палета, развиено од Тојота, се свртело надесно и го удрило Китазон додека минувал на пешачки премин. Во моментот на инцидентот во возилото имало двајца оператори и пет патници, но никој не е повреден, потврдила полицијата. Операторите им рекле на истражителите дека биле свесни дека имало лице пред нив, но мислеле дека ќе сфати дека доаѓа автобус и ќе застане. Потпретседателот на Јапонскиот параолимписки комитет Хидефуми Такахаши истакна дека Китазоно не претрпел сериозни повреди, туку се повлекол од Игрите по совет на лекар. "Направивме магнетна резонанца и не беа откриени абнормалности. Меѓутоа, постои можност тој да доживеал потрес на мозокот кога го удриле во главата", додаде Такахаши. Toyota Motor Corporation се извиниле, потврдувајќи дека секое возење на автономните автобуси е укинато. „Многу ни е жал што несреќата што загрижи многу луѓе“, рече претседателот на Тојота, Акио Тојода. „Тоа покажува дека автономните возила се уште не се реални за нормални патишта. Се извини и Организацискиот комитет на игрите, додавајќи дека полицијата го истражува инцидентот. Е-палета има способност за само-возење на ниво 4, но операторот се уште е во возилото како човечка поддршка за автономното возење. Возилото е долго 5,3 метри и може да превезува до 20 патници или четири лица во инвалидски колички и седум патници со стоење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ЕвропаВидео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, синоќа во неколку големи градови изби насилство. Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“. This is multicultural Germany, Frankfurt right now. Mob smashes several store, loots sneakers and runs through the streets with stolen boxes. This is not a protest. This is pure criminality. https://t.co/sTk8WsNWbB — RadioGenoa (@RadioGenoa) October 31, 2026 Во Франкфурт, ситуацијата ескалираше доцна вечерта, кога демонстранти провалија во продавници и украдоа стока. Полицијата уапси околу 30 лица, а при интервенцијата беше запленето и оружје. Насилство изби и во Келн, каде што демонстранти фрлаа шишиња и велосипеди кон полициските службеници. Нападот се случи на плоштадот кај катедралата, во близина на главната железничка станица, при што едно лице беше повредено. Пет лица беа приведени. Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, изјави дека од маскирани демонстранти биле одземени молотови коктели и чекани за итни случаи. „Целта поради која ги носеле овие предмети е очигледна“, рече Херманс. Во Берлин, демонстрантите фрлале петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарите. На протестите биле присутни и поддржувачи на пропалестинското движење. Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полицајци се повредени. Најголем број учесници во протестите имало во Хамбург, каде што, според податоците на полицијата, на улиците имало околу 6.700 луѓе. Некои од демонстрантите, облечени во црно и со маски на лицата, ги запалиле барикадите. Полицијата ја растерала толпата со употреба на бибер-спреј, а пожарот бил изгаснат со водени топови. Уапсени се околу 120 изгредници. Berlin, Germany https://t.co/Hma7Pzk9oz — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Демонстрациите во 34 германски града биле организирани од иницијативата „Генерација З решава“ („Gen Z regelt“), која, според сопствените изјави, се огради од насилството. Протестите првично биле замислени како мирни собири, со барања за поголеми финансиски средства за училиштата, подобра поддршка за луѓето што се соочуваат со зависности и подостапна психотерапија. Учесниците, исто така, побарале конкретни мерки за справување со порастот на трошоците за живот, поголема социјална правда и посилна заштита на климата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПрво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. ПелистерВечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата. Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл. Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00