Папата за нападот кон Израел: Прекинете ја секоја акција што ќе поттикне бран на насилство

Папата Франциск денеска упати итен апел да се стави крај на „спиралата на насилство што се заканува да го втурне Блискиот Исток во уште поголем конфликт“ по нападот на Иран врз Израел.

„Итно повикувам да се прекине секоја акција што може да поттикне спирала на насилство, која може да го вовлече Блискиот Исток во уште поголем конфликт“, рече тој на крајот од традиционалната неделна молитва на плоштадот Свети Петар.

„Со молитва, но и со чувство на загриженост и болка, ги следам вестите што пристигнуваат во последните часови за влошување на ситуацијата во Израел поради интервенцијата на Иран“, им порача Светиот Отец на верниците од прозорецот на Апостолската палата со поглед на познатиот плоштад опкружен со колонадата на Бернини.

„Никој не треба да го загрозува постоењето на другите, но сите земји мора да застанат на страната на мирот и да им помогнат на Израелците и Палестинците да живеат во две држави, една до друга. Тоа е нивно право“, нагласи Папата.

Тој повторно повика на прекин на огнот во Газа и на преговори, барајќи „да се обезбеди помош за населението кое се соочува со хуманитарна криза“ и „заложниците кои беа киднапирани пред неколку месеци веднаш да бидат ослободени“.

Во сабота во 23.00 часот на „На кавга со Иван“ со Арбер Адеми

На кавга со Иван е нов проект на Канал 5 ТВ и нашиот 5CASt на Youtube каналот, каде како водител и дебатер се појавува Иван Мирчевски.

Во Сабота во 23.00 часот ќе ја гледате емисијата со портпаролот и потпретседател на ДУИ, Арбр Адеми , каде Иван ќе го прашува но и ќе констатира факти.

Не заборавајте да го гледате оригиналното шоу - на кавга со Иван…и да, навистина е кавга во Сабота во 23.00 часот

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против цели во Русија

Данска ја потврди својата дозвола борбените авиони „Ф-16“ што и ги донираше на Украина да можат да напаѓаат воени цели и на руска територија, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, цитиран од Укринформ.

Расмунсен изјави дека од самиот почеток на процесот на одлучување за авионите „ Ф-16“ за Украина, Данска знаела дека овие ловци и другите капацитети се донирани за одбрана на оваа земја и дека таа може да ги користи против руски воени цели, вклучително и на руска територија.

Расмусен ова го изјави пред состанокот на Советот за надворешни работи ​​на ЕУ во Брисел.

-Краткиот одговор е ’да’. Ова не е нова позиција, тоа е дел од нашиот придонес. Кога разговаравме за ова со нашата комисија за надворешни работи во данскиот Парламент, од самиот почеток многу јасно ставивме до знаење дека ова е дел од одбраната, која веројатно ќе вклучува и напади на воени локации на руска територија, истакна данскиот министер.

Данска планира уште ова лето да ги обезбеди првите борбени авиони „Ф-16“, а Холандија најавува за подоцна - наесен, потсети Укринформ.

Копенхаген е еден од иницијаторите на таканаречената авионска коалиција за Украина.

Данска пред точно две недели објави нов пакет воена помош за Украина во износ од 750 милиони евра. Пакетот ќе го зајакне воздушниот и артилерискиот потенцијал на Украина. Оваа земја, исто така, ја истражува можноста за инвестирање во украинската воена индустрија.

Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) имаат страсна 18+ сцена во новиот филм

Никол Кидман и Зак Ефрон повторно се обединија на екранот, 12 години откако глумеа во The Paperboy.

Овој пат, ѕвездите од А-листата играат љубовници во романтичната комедија на Нетфликс A Family Affair. Судејќи по трејлерот, ќе има уште секси сцени.

Во филмот, 56-годишната Кидман има бурна афера со шефот на нејзината ќерка, кого го игра Ефрон (36). На една сцена се гледа како австралиската актерка го турка актерот на креветот каде ѝ ја скинува кошулата. „Те чекав отсекогаш“, вели без здив додека се соблекуваат и страсно се бакнуваат.

Ефрон зборуваше за People за улогата, велејќи за списанието: „Бев малку исплашен, но да се видам повторно со Никол е секогаш одлично. Таа е талентирана актерка, љубезна е, грижлива е и прекрасно е да се поминува време со неа“.

A Family Affair пристигнува на Нетфликс на 28 јуни.

притисни ентер