ЖивотПапата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристапЗа време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс. Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“ Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНедостиг од образовни асистенти на почетокот од учебната годинаУчебната година е во тек, но за дел од учениците со попреченост сè уште нема образовен асистент. Недостигот од асистенти за дел од семејствата значи секојдневна неизвесност – како детето ќе ја следи наставата и дали ќе ја добие поддршката што му е потребна во училницата. Со таков проблем се соочува и Мартина, родител кој за Канал 5 раскажува со какви предизвици се соочуваат откако започна учебната година. „За мене како родител ова значи дека повторно јас треба да ги сносам последиците од нешто што не е моја обврска...Јас можам да им бидам поддршка на моите деца но, не можам да бидам замена за системска поддршка што им следува, а најтешко ми е што знам дека за нив секое доцнење е нова промена“ – Мартина, родител. Министерката за образование Јаневска признава дека се уште има проблем, и покрај дополнителниот оглас што беше распишан во меѓувреме. Бројот на пријавени засега не ги покрива целосно потребите, а некои од веќе ангажираните самите се откажуваат.. од кои причини – Јаневска нема информации.. Според податоците што ги објави Министерството за образование и наука пред почетокот на учебната година, во основното образование се ангажирани 1.358, а во средното уште 166 образовни асистенти. Сепак, самата бројка не покажува дали се задоволени реалните потреби на учениците и нивните семејства. МОН јавно не соопшти колку барања биле доставени за оваа учебна година, колку од нив биле одобрени, а не е објавена ниту распределба на асистентите по општини, градови, училишта или ресурсни центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаЈанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда ПердомоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо, меѓународно реномиран експерт и стратег за туризам, со долгогодишно искуство во UN Tourism и во туристичкиот сектор на Канарските Острови.На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и развој на нови туристички содржини, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам и активното вклучување на семејните винарии во туристичката понуда. Разменети беа идеи за реализација на пилот-проект преку кој семејните винарии би можеле да се вклучат во креирањето на автентични туристички искуства, со што дополнително би се промовирале локалните производи, традицијата и потенцијалите на регионот. „Продолжуваме да работиме на создавање нови можности за развој на туризмот, поврзување на локалниот потенцијал со меѓународното искуство и воспоставување партнерства што ќе придонесат за одржлив туристички и рурален развој.“- објави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТаравари демантира: Немало план со Ахмети за заедница на албански општини и уцена за избориСо првиот човек на ДУИ – Ахмети, никогаш не се разговарало или пак имало идеја за создавање на заедница на албански општини во Македонија.Со првиот човек на ДУИ – Ахмети, никогаш не се разговарало или пак имало идеја за создавање на заедница на албански општини во Македонија, – лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во гостувањето во „Само Интервју“ ги отфрли наводите кои деновиве ги објави политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.. Смета дека станува збор за обид за негова дискредитација, иако во исказот на Фаризи препознава дека за темата тој разговрал со неговиот поранешен сопартиец Азил Алиу. Таравари вели дека се залага за унитарна Макеоднија, но со многу поголема децентрализација, а доколку се менува внатрешното уредување, да се врати територијалната поделба со 20-тина општини како што било во поранашена Југославија. - Се повикува дека имало разговор со некој ваш близок кој потоа бил министер – Он е Азир Алиу, тој е другар на Азир Алиу. Воопшто немало таква идеја, да има зошто би го криеле тоа? .... - Арбен Таравари – Претседател на Алијанса за Албанците. Фаризи за Канал 5 и денеска останува на тврдењето дека опозициските албански партии разговарале за идејата – „заедница на албански општини“, икао не сакаше да потврди дали човекот со кој разговарал е Азил Алиу. -Тоа покажува дека тоа што сум го кажал, односно што ми го кажале неговите соработници, на тоа стојам, бидејќи не сум го рекол јас, туку ми го соопштиле неговите соработници. Тие разговори внатре во партијата ги направил со своите приврзаници што биле во неговата, тогашната политичка партија и кои веќе не се дел од таа политичка партија. Тоа што ми е соопштено тогаш, јас сум се спротивставил на таа идеја, бидејќи не е возможно, бидејќи нема волја таква од страна на граѓаните. - Љуљзим Фаризи – Аналитичар. Идејата за формирање на т.н. заедница на албаснки општини во Македонија, по примерот на предвидената Српска заедница во Косово, во земјава пред две години ја лансираше пратеникот Зеќирија Ибрахими од тогашната партија Алтернатива, но формална иницијатива никогаш не беше претставена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00