СветПапата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирПапата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот.Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета. Повикот на папата за единство е значаен со оглед на поларизацијата во Римокатоличката црква во САД и пошироко, наведуваат американските медиуми. Претходно, на папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција: палиумот, литургиската облека, и папскиот - рибарски прстен. Литургиската облека е изработена од јагнешка волна, што ја симболизира улогата на папата како пастир на верниците. Палиумот се носи преку рамо и се прицврстува со три иглички што личат на шајките на Христовиот крст. Папскиот прстен, познат и како Пискаторски прстен, го симболизира односот на папата со Свети Петар, кој бил рибар. Прстенот се уништува или крши по смртта на папата. /МИАТагови: папата Лав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на МакедонијаРазликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех. -Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели муцунски.во истиот контекст претседателкта а Сиљановска-Давкова пред две недели во емисијата Само интервју на Канал 5 исто така потврди дека се водат дипломатски разговори со претставници на ЕУ и дека постојат можни правни и политички механизми за дополнителни гаранции.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСостојбата во Гостивар останува стабилнаСостојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМенаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за негоМенаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина. Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето. Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач. Колку би платил Арсенал за Винисиус? Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“. Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус. Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.Тагови: Арсенал Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook