ЖивотПапата Лав XIV ја завршува својата африканска турнеја со посета на Екваторијална Гвинеја Папата Лав XIV денеска ја завршува африканската турнеја со посета на Екваторијална Гвинеја, една од најзатворените држави на континентот, каде се очекува да зборува за политичкиот плурализам и граѓанските слободи.По три дена поминати во Ангола, папата се очекува да пристигне околу 12:00 часот по локално време во Малабо, поранешниот главен град на оваа централноафриканска држава, со која од 1979 година владее 83-годишниот Теодоро Обианг Нгема, кој го држи светскиот рекорд за најдолго владеење како шеф на држава на земја која не е монархија. Четириесет и четири години подоцна, папата Лав XIV ќе ги следи стапките на папата Јован Павле II, првиот понтиф кој стапнал во Екваторијална Гвинеја, држава богата со нафта со два милиони жители, од кои 80 проценти се католици – наследство од шпанската колонизација. Од почетокот на оваа африканска турнеја на 13 април, Лав XIV прифати порешителен тон, засилувајќи ги своите повици за социјална правда, борба против корупцијата и почитување на човековите права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДСНека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации? Зошто молчел досега? Кои документи и докази ги поседува? Кој го потпишал договорот и врз основа на што? Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки. Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување. Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави. Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции. Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес. Јавноста има право да знае што се случувало. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните. Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје. Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката. Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок. Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата. Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: ИНРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05