Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ЖивотПапата Лав XIV ја служеше својата прва миса во црквата Свети Петар Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците.Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне на оние на кои им е потребна помош е еквивалентно на одбивање на самиот Бог. - Нема место за Бог на Земјата ако нема место за човечкото суштество. Таму каде што нема место за човековото битие нема место за Бог. Отфрлањето на едниот значи отфрлање на другиот, истакна Лав XIV за време на мисата, на која присуствуваа околу 6.000 верници во црквата Свети Петар, а на истоимениот плоштад службата ја следеа околу 5.000 верници и покрај поројниот дожд. Папата Лав пред мисата ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар. - Ви се воодушевувам и Ве почитувам, Ви се заблагодарувам за храброста и желбата вечерва да бидете овде дури и на вакво време, посочи Лав XIV. Тој е прв папа кој доаѓа од САД, а ова е негов прв Божик, откако во мај беше извран за наследник на покојниот папа Франциск. Денеска на Божик по Грегоријанскиот календар, папата ќе служи миса и ќе ја упати традиционалната божиќна порака „Порака до градот и светот“ (Urbi et Orbi). Тагови: Папата Лав Четиринаесети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаДимитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме - Две години работа, две години резултати, една љубов – МакедонијаДве години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието. Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции. „Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати.“ истакна Димитриевски. Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните. „Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години“ порача претседателот на ЗНАМ. ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која по две години пред граѓаните излегува со конкретен отчет за својата работа и резултатите што ги постигнала, без коруптивни скандали, афери и лични интереси зад себе. Со тоа покажуваме дека политиката може да се води поинаку, со работа, одговорност и чесност. На панел-дискусијата свое излагање за постигнатото во изминатите две години имаа и потпретседателот на ЗНАМ и пратеник, Павле Арсоски, кој се осврна на работата на Собранието и законските решенија, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој говореше за мерките и политиките кои се спроведени за македонското земјоделство и домашното производство на храна. Димитриевски порача дека за функционерите на ЗНАМ во Владата претстои уште многу работа, но и дека ЗНАМ ќе продолжи да биде политичка сила која ќе поддржи се што е добро за државата, но и ќе биде коректор, и ќе предлага нови сопствени решенија. Исто така ЗНАМ ќе биде отворена и за критики, сугестии и мислења од граѓаните. Затоа што ЗНАМ е формирана од граѓаните за граѓаните. За ЗНАМ Македонија е вредност, обврска и наша заедничка иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИзбори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих МерцОколу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц. Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати. Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенцијаНова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција: Обвинувања за договарање со цел забавување на развојот на вештачката интелигенција. Постапката е покрената од четворица именувани тужители кои плаќаат претплата за предметните услуги за вештачка интелигенција. Во петокот, пред суд во Калифорнија, САД, беше поднесена нова тужба во која се тврди дека водечките компании за вештачка интелигенција незаконски се координирале за да го забават развојот на технологијата за вештачка интелигенција. Тужителите тврдат дека таквите постапки ги прекршуваат правилата за фер конкуренција, бидејќи корисниците кои плаќаат претплата за услуги како ChatGPT, Claude, Grok и Gemini можеби добиваат помала вредност за своите пари. Според тужбата, клучниот момент на наводната координација се случил на 12 септември. Тогаш извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, објавил есеј во кој ја повикува целата индустрија да соработува за забавување на развојот на вештачката интелигенција и понатамошно зајакнување на безбедносните мерки. Истиот тој ден, според тужителите, Сем Алтман од OpenAI, Елон Маск од SpaceX/xAI и Демис Хасабис од Google DeepMind одговориле позитивно на неговите предлози. Тужбата ја иницирале четворица именувани тужители кои се претплатени на спорните услуги за вештачка интелигенција. Тие се стремат да го прошират случајот за да вклучат предложена национална класа на други претплатници во Соединетите Американски Држави. Во тужбата се тврди дека договорот меѓу главните конкуренти за да се обезбеди развој на вештачка интелигенција „побавно отколку што конкуренцијата би диктирала“ има негативно - поточно, антиконкурентско - влијание врз корисниците. Главниот адвокат на тужителите, Ник Роули, даде остри тврдења во врска со потенцијалните ризици поврзани со развојот на вештачката интелигенција. „Вештачката интелигенција брзо ќе излезе од човечка контрола и би можела да нè убие сите ако дозволиме безбедноста и протоколите на вештачката интелигенција да бидат регулирани од приватните, себични договори на најмоќните, профитни технолошки компании во светот“, рече Роули.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook