Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски - Канал 5

Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски

Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.

Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена.

- Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ги, се гледа на видео снимката што ја објави Ватикан.

На крајот на мисата со која беше одбележан почетокот на неговиот понтификат, на која присуствуваа и шефови на држави, вклучувајќи го и Зеленски, Лав XIV јавно ги изговори зборовите дека „Украина конечно чека преговори за праведен и траен мир“.

Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.

- За милиони луѓе ширум светот, Понтифот е симбол на надеж за мир. Авторитетот и гласот на Светата Столица можат да играат важна улога во доведувањето на оваа војна до крај. Му благодариме на Ватикан за неговата подготвеност да служи како платформа за директни преговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме за дијалог во секој формат со цел опипливи резултати. Ја цениме поддршката за Украина и јасниот глас во одбрана на праведен и траен мир, напиша Зеленски.

Претходникот на Лав XIV, папата Франциск, постојано се залагаше за мир во Украина./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. 

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех.

-Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели муцунски.во истиот контекст претседателкта а Сиљановска-Давкова пред две недели во емисијата Само интервју на Канал 5 исто така потврди дека се водат дипломатски разговори со претставници на ЕУ и дека постојат можни правни и политички механизми за дополнителни гаранции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата во Гостивар останува стабилна

Состојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.

Состојбата во Гостивар останува стабилна

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.

Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

Менаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина.

Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето.

Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач.

Колку би платил Арсенал за Винисиус?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“.

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус.

Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер