Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите - Канал 5

Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите

Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување.

Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите

Папата Франциск во пораката по повод 58. Светски ден на мирот, што ќе се одбележи на 1 јануари 2025 година, се осврнува на централната тема на претстојниот јубилеј на надежта и го повторува својот итен апел за простување на долговите, потсетувајќи нè дека сите ние сме „должници“ на Бога и еден на друг, објави „Ватикан Њуз“.

Темата на Денот на мирот е „Прости ни ги долговите, како што им простуваме и ние на нашите должници“.

Папата предупреди на глобалните предизвици како што се загадувањето, лошото постапување со мигрантите и ширењето на војната, кои бараат радикални промени во општеството, а не само филантропија.

Како дел од своите предлози, папата повика на укинување на меѓународните долгови на сиромашните земји, посебно поради еколошкиот долг на богатите земји. Тој исто така повика на укинување на смртната казна, како и пренасочување на средствата за оружје во средства за борба против гладта ​​и климатските промени.

„Вистинскиот и траен мир не доаѓа само од крајот на војната, туку од трансформацијата на срцето и општеството“, вели папата Франциск, повикувајќи на прошка, солидарност и заедничка одговорност меѓу народите.

Тој својата порака ја завршува со молитва за мир и ги повика сите да простат, да ги признаат своите долгови кон Бога и да им служат на сиромашните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закон за игри на среќа - десетици казина во Скопје се соочуваат со затворање или дислокација

Десетици казина и други објекти за игри на среќа според грубите проценки ќе треба да се дислоцираат откако новиот Закон за игри на среќа предвиде дека треба да бидат најмалку 500 метри оддалеченост од училиштата. 

Закон за игри на среќа - десетици казина во Скопје се соочуваат со затворање или дислокација

Според јавно достапните податоци, мапа генерирана преку вештачка интелигенција покажува дека најмногу вакви објекти кои се во непосредна близина на училишта на територијата на градот Скопје има во населбите Центар, Карпош, Аеродром и Кисела Вода. Законот појаснува дека оддалеченоста ќе се пресметува како најкраткиот безбеден пат од основните или средните училишта до влезот на просторијата во која се приредуваат игрите на среќа. Отткука организаторите на игри на среќа ќе треба да изработат геодетски елаборат со кој ќе ја докажат оддалеченоста како дел од документацијата за добивање или продолжување на лиценцата која ја издава Министерството за финансии. Геодетските друштва ќе треба да постапат согласно новиот правилник кој ќе го подготви Агенцијата за катастар на недвижности.

-Согласно Законот за катастар овие работи не ги извршува Агенцијата за катастар туку целосно се во рамки на геодетските фирми и останува тие да се придржуваат кон она што ќе биде ставено во правилникот којшто треба да биде донесен од страна на Агенцијата и да ги содржи сите потребни податоци коишто ќе бидат таму пропишани. Мислам дека нема да има никаков проблем од страна на геодетските компании дека ќе може без проблем непречено да се изработуваат,- изјави – Иван Живковски – Агенција за катастар на недвижности.

Во меѓувреме ќе важат лиценците кои се веќе издадени a самиот закон предвидува дека одредбите кои се однесуваат на оддалеченоста од училиштата ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2028 година, што значи дека организаторите на игри на среќа ќе имаат скоро година и пол да се прилагодат.

Околу законските измени реагираа од Сојузот на стопански комори од каде порачаа дека дополнително требало да се анализираат одредени делови од законот и да се има предвид дека има илјадндици вработени во овој сектор.

-Треба дополнително да се проанализира и внимателно да се носат некои одлуки и посуштнски да се реагира. Сметаме дека не може ригидно и едноставно да се пресечат некои работи или ако се случи тоа потребно е сериозно обмислување,- изјави – Горан Ѓорѓиевски – Претседател на ССК (29.06.2026).

И од Асоцијацијата на спортски обложувалници излегоа со реакција дека новиот закон нема да ги заштити граѓаните туку како што велат, ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и експанзија на нелегално играње, но и дека директно се загрозуваат 10 илјади работни места. Најавија и дека ќе го оспорат пред Устваниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат

Корупцијата во здравството веќе „еволуира“ за да не може да се најде траг преку обележани банкноти, па освен мито во кеш што останува најчеста форма на коруптивен чин, се зголемува бројот на случаи на однапред договорени скапи подароци и ваучери.

ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат

Ваучер наместо пари под рака. Корупцијата во здравството веќе „еволуира“ за да не може да се најде траг преку обележани банкноти, па освен мито во кеш што останува најчеста форма на коруптивен чин, се зголемува бројот на случаи на однапред договорени скапи подароци и ваучери кои можат да се искористат во одредени продавници. Ова се нотира во истражувањето на Здружението за еманцијапција, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, спроведено во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Извештајот покажува дека и пациентите и лекарите речиси подеднакво иницираат поткуп најчесто за побрз преглед, хоспитализација или операција, поради долгите листи на чекање.

Според истражувањето, со поткуп, во повеќе од 50 отсто од случаите се „купува” породување со царски рез без медицинска индикација, како и избор на конкретен гинеколог или тим за породување. А корупција постои и помеѓу лекарите, некогаш да се прикрие неправилност или лекарска грешка, а понекогаш и со „пари“ се купува напредокот во кариерата. Истражувањето нотира и барања за интимна услуга во замена за здравствена.

Клучниот заклучок од анализата на реакциите на корупцијата кај здравствените работници е дека непријавувањето е правило, а пријавувањето исклучок. Најчеста реакција е игнорирање на случаите (47%) или нивно одбивање без пријавување (34%), додека само 7% формално пријавиле корупција.

Причините се системски и конзистентни: недоверба дека нешто ќе се промени, страв од последици или нарушување на колегијалните односи, недостиг од докази и перцепција дека случајот „не е доволно сериозен“. Овој спој на недоверба, страв и нормализација создава култура на молчење во која личниот интегритет ретко се претвора во институционална акција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена .

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Целта според него е да се идентификуваат фактори кои евенутално доведуваат до нивно зголемување, а доколку анализите покажат неоправдан раст тогаш најави дека ќе се активираат сите законски механизми за заштита на животниот стнадард. Поради обемноста на анализата, ресорниот министер без конкретен одговор кога извештајот на ДПИ би бил готов но се надева дека за 1 месец ќе може да се заврши. По минато неделната средба со трговците, до крајот на неделава, Дурмиши најави нови средби со добавувачите и производителите.

„Кога се врши конторла се гледа бруто профитната маржа каде што ние административно можеме да интервенираме. Ќе направиме детална анализа од производителот продажната цена до дистрибутерот и трговецот и ќе гледаме каде треба да угрираме.... “-- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Во пресрет на најавената владина реконструкција, Дурмиши без конретен одговор дали смета дека треба да остане на министерското место. Вели работат во интерес на граѓаните и тие го имаат крајниот збор.

„Подобро ќе се чувствувам кога ќе завршам некоја работа во интерес на граѓаните откалку колку ќе бидам во ресорното место. За две години како што кажав сме направиле многу во интерес на стопаснството, државата, граѓаните сме хармонизирале многу закони со ЕУ директива и така ќе продолжиме понатака. Кој во кое место ќе има смена или ќе има менување во ресорните места ќе разговаараат за тоа коалиционите партенери по што граѓаните ќе го кажат своето...“- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Инаку неговата денешна прес конференција беше посветена на сработеното досега, за што тој тече дека како министерството за две години успеале да спроведат реформи кои носат повеќе инвестиции, нови работни места, и подобар животен стандард.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер