Папата Франциск се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат, повика на мир - Канал 5

Папата Франциск се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат, повика на мир

Папата Франциск во денешната порака им се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат во римската болница „Гемели“ и го повтори својот повик за мир во воените зони ширум светот.

Папата Франциск се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат, повика на мир

Како и претходните недели откако Папата (88) беше примен во болница на 14 февруари, неговата порака беше објавена од Ватикан.

Папата повика на мир во Украина, Појасот Газа, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.

Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.

Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.

Лекарите синоќа информираа дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Училишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи.

Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“

„Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски

Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење.

- „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски

За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт.

- ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски

Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во процесот на проширување

Свесни сме дека ќе биде тешко да го убедиме Европскиот совет да ја замени едногласноста со квалификувано мнозинство  -  признава еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Кос: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во процесот на проширување

Свесни сме дека ќе биде тешко да го убедиме Европскиот совет да ја замени едногласноста со квалификувано мнозинство - признава еврокомесарката за проширување Марта Кос, чиј предлог за нови европски политики во проширувањето ќе биде предмет на жестока дебата во Советот овој четврток и петок. Иако скептична дека квалификуваното мнозинство наскоро ќе ја замени едногласноста, што впрочем за да биде изгласано треба едногласност, сепак, таа изрази оптимизам дека овој предлог нема целосно да згасне, односно за него, како што вели, и понатаму ќе следат големи дискусии.

-Од земјите-членки (реакциите) се многу различни. За некои од нив, тие би сакале подетално да се разгледаат заштитните мерки, за некои од нив велат дека сакаме целосно да се држиме до едногласност. // Ако би се повлекувале секој пат кога мислиме дека нешто нема да помине во Советот, тогаш што треба да правиме? Всушност, некои од предлозите што ги предлагаме се смели, но знаете, живееме во смели времиња и мора да одиме напред.- Марта Кос, еврокомесарка за проширување

За новопредложените претпристапни политики, низа реакции пристигнале и од земјите кандидатки, додаде Кос. Сепак, тие биле уверени дека со заштитните мерки кои ги предлага Комисијата, ним не им се одзема правото на вето, туку како што изјави таа, им се сугерира на доброволна основа да потпишат декларација дека нема да внесуваат билатерални проблеми во процесот на проширување.

Токму билатералните спорови на релација Скопје – Софија но и Загреб – Подгорица, се посочените примери кои го забавуваат процесот на проширување во нов заеднички нон пејпер на Австрија, Чешка и Словачка, што според Хрватски „Вечерњи лист„ бил дистрибуиран пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, кој деновиве се одвива во Луксембург.

-За некои земји, наједноставното нешто би било да се пикнат контроверзни прашања во фиоката на билатералните односи со цел да се поттикне членството. Но, одредувањето што е билатерален спор, а што е прашање на добрососедски односи многу лесно може да стане политичко и арбитрарно. - Нон пејпер на Австрија, Словачка и Чешка

На Советот за општи работи, присутен е и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Тој соопшти дека како дел од постепената интеграција, државава ќе учествува во Европскиот центар за демократска отпорност, што ќе и овозможи на земјава пристап до европските процени на заканите и механизмите за рано предупредување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак

Случајот со двајцата мажи од Сарај, кои тврдат дека биле претепани од полицајци, не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак. Ова за Канал 5 го вели адвокатот Драган Пешевски, кој ги застапува шестмината полициски службеници.

Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак

Според него, јавноста прерано донела пресуда, пред целосно да се утврди хронологијата на настанот. Пешевски тврди станува збор за класична полициска оперативна акција, по претходни оперативни сознанија и дека инцидентот започнал кога двете лица се обиделе да избегаат со автомобил, при што на еден од полицајците му бил одземен и службениот пиштол.

- Значките се јасно објавени на врат закачени на полицајците. Како гледаат дека има полиција, истите лица со кола почињаат да одат во рикверц и пробуваат да избегаат. Но, не по мое кажување, по кажување на еден од полицајците дури можеле и да го прегазат. Како одат накај него, он така со пиштолот пробувајќи да ги спречи да застанат, замавнал накај стаклото на колата и дали некој од лицата му го повлекол пиштолот или пиштолот паднал во колата, не знаеме но по негово кажување пиштолот му бил повлечен од лицата коишто продолжиле во бегство потоа. – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци

Од друга страна, Внатрешната контрола на МВР на 11 октомври соопшти дека, по анализата на снимките и изјавите на сведоците, утврдила низа неправилности во постапувањето на шестмината полицајци. Најавени се дисциплински постапки и суспензии, додека обвинителството продолжува со утврдување на евентуална кривична одговорност.

„Кривичната одговорност е секогаш лична одговорност. Има сторител на кривично дело, време и начин на сторување на кривичното дело. Доколку истрагата, а се води кривична истрага, потврди дека некој од полициските службеници ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело, апсолутно треба да одговара. Никој не треба и никој не поддржува полициско насилство и полициска бруталност.“ – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци

Пешевски, пак, смета дека од објавените снимки на социјалните мрежи не може со сигурност да се утврди дали лицата биле врзани.

Канал 5 се обрати до МВР за дополнителни информации за текот на постапката и одговорноста на полициските службеници. Дали имало пречекорување на овластувањата и кој за тоа треба да одговара, останува да утврди истрагата, а од полциијата информираа дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер