Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во 10 часот - Канал 5

Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во 10 часот

Ватикан потврди дека погребот на папата Франциск ќе биде во сабота во 10 часот.

Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во 10 часот

Телото на починатиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциск, ќе биде однесено во базиликата Свети Петар во среда во 9 часот, соопшти денеска Ватикан.

Телото на папата Франциск во моментов е изложено во капелата на Каза Санта Марта, каде што живеел во текот на неговите 12 години како поглавар на Римокатоличката црква.

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб.

Франциск исто така ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан - неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Света Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим.

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта

Постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата, вели Мицкоски.

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за Euronews се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските граѓани. Според него македонските граѓани живеат тешко, како и останатите жители на регионот, но она коешто е разлика е дека се враќа надежта.

„Граѓаните живеат тешко, како и сите во регионот, но она коешто е разлика од пред една година е тоа што се враќа конечно надежта дека можело да не биде“, рече премиерот Мицкоски и дополни:

„Параметрите кои се постигнати оваа година се многу јасни. 2024 година милијарда двесте педесет и пет милиони евра странски директни инвестиции. Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлација март месец 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април месец 2,6%, а на месечно ниво 0,6%. Платите пак растат од 9 до 10% на годишно ниво. За економијата и БДП Светска банка ни предвидуваше 1,8%, а ние во 2024 година имавме 2,8%, поради силниот раст над 3% во третиот и четвртиот квартал во 2024 година. Во првиот квартал од 2025 очекувам до 4%, а може и над 4%. Тоа се бројки, а јас сум математичар и сакам да зборувам за бројки, а бројките се рефлектираат на пракса.“

Денеска ќе биде донесена пресуда за повторениот судски процес за пожарот во модуларната болница

Денеска ќе биде донесена пресудата за повторениот судски процес за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Денеска ќе биде донесена пресуда за повторениот судски процес за пожарот во модуларната болница

Во понеделникот се одржа главната расправа за повторното судење на овој случај. Таа заврши со давање завршни зборови на обвинителството, одбраната на обвинетите флорин Бесими, Артан Етеми и клиничка болница Тетово, како и на застапниците за лицата што настрадаа во пожарот. Судијата Реџеп Муса најави дека пресудата ќе ја соопшти денеска.

Во своите завршни зборови, обвинителството тврди дека доказите понудени во текот на судењето потврдиле дека двајцата директори не поставиле противпожарни апарати во објектот и со тоа сториле тешки дела против општата сигурност. Јавниот обвинител побара двајцата поранешни директори на болницата во Тетово да бидат прогласени за виновни.

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото

Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција.

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција.

Истакнувајќи дека земјава e фокусирана на спроведување на реформската агенда заради достигнување на европските стандарди, таа истакна дека Копенхагенските критериуми се, и треба да останат единствените услови за членство во Европската Унија.

Сиљановска-Давкова нагласи дека единствено со добра волја, меѓусебно разбирање и почит, може да се решат бугарско-македонските недоразбирања и спорови.

Преговорите за историјата, културата и јазикот не се во духот меѓународното и европското право и значат негирање на европските вредности и принципи, утврдени во конститутивните документи на ЕУ во коишто се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и интегритетот и дигнитетот на граѓаните.

Предупредувајќи дека македонскиот преседан може да има домино ефект, проширувајќи се и на други држави од регионот, но и пошироко, со што ќе се загрози политиката на проширување на ЕУ, таа побара од Европскиот совет да предложи решение за оневозможување нови барања и условувања коишто ќе го дефокусираат нашето внимание од реформите на идентитетски прашања.

Претседателката укажа дека бројката од 36 уставни амандмани за триесеттина години, од коишто најголемиот број се иницирани однадвор, ја релативизира важноста на уставот како највисок правен акт, од една страна и најширок и најважен општествен договор на граѓаните, од друга.

Таа потсети и на редовното искуство при секоја измена на уставот, на предложените амандмани да им се придружат нови, чие усвојување е услов за поддршка на првите.

Потенцирајќи дека интегрирањето на Западен Балкан е јасен приоритет за ЕУ, претседателот на Европскиот совет Кошта искажа разбирање за националните чувства и состојбата во која се наоѓа државата и изрази став дека не очекува дополнителни политички условувања на македонскиот пат кон ЕУ.

Ценејќи ги вложените напори во изминатите две децении, тој смета дека треба да го искористиме моментов на зголемен интерес на ЕУ за проширување, во функција на обезбедувањето поголема безбедност и сигурност, покрај европеизацијата на регионот.

притисни ентер