Папас смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната - Канал 5

Папас смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната

Претседателот на пратеничката група на СИРИЗА смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната

Папас смета дека политиката на соработка со Македонија е замрзната

Ставовите дека „Преспа беше големо достигнување на грчката надворешна политика“, но и дека активностите за време на владата на СИРИЗА сега се замрзнати, а „се замрзнаа во корист на догмата на неподвижност“, ги изрази претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Никос Папас одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа на прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Папас посочи дека Договорот дојде и поради политичката промена во Грција во 2015 година, но и како „резултат на визијата“ на тогашната грчка влада за „земјата да биде протагонист во регионот“.

-Со нашата влада, не само што решивме големо прашање кое десничарското лицемерие никогаш не дозволуваше да се реши, туку земјата ја направивме протагонист на Балканот и во поширокиот регион. Се зајакнаа трилатералните сојузништва. Посетите на Алексис Ципрас на Балканот и неговите иницијативи беа безбројни. Јас не сум учествувал на поголем трговски форум од оној што се одржа во Македонија. Стотици грчки бизниси и бизниси од Македонија се сретна и ги покажаа можностите, а за жал оваа политика се замрзна и се замрзна во корист на догмата на неподвижност. Но, знаете, кога си ти неподвижен, не престанува и светот околу тебе да се движи и особено ако имаш бучен сосед на исток, агресивна и ревизионистичка сила во однос на меѓународното право, ова е на товар на националните интереси, рече претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

Дополнително посочи дека „потребно е Грција да се врати на енергичната повеќедимензионална надворешна политика“, бидејќи е силна земја и „не може да се однесува како исплашена, бидејќи има Влада која со идеолошки кочници, неприлагодливост и членови кои уценуваат, не го спроведува она што се подразбира“.

На Меѓународниот саем традиционално секоја година, првиот викенд се одржуваат говорот и прес-конференција на премиерот на Грција, а последниот викенд, непосредно пред затворањето е прес-конференцијата на лидерот на главната опозиција, меѓутоа поради случувањата во СИРИЗА и изгласаната недоверба за Стефанос Каселакис, опозициската партија во Солун ја претставува претседателот на пратеничката група.

Никос Папас одговори на над 40 прашања од новинарите на прес-конференцијата што траеше нешто повеќе од два часа, а акцентот беше на внатрешно-политичките случувања во СИРИЗА во пресрет на изборите за нов претседател на крајот на ноември./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер