Шоу бизПапараците конечно ,,ја уловија” новата девојка на Бред Пит (ФОТО)Германската манекенка Никол Потуралски (27), наводната девојка на американскиот актер Бред Пит (56), минатата недела присуствуваше на премиерата на филмот „Џим Нопф и дивите 13“, пишува Дејли меил.Потуралски дошла на премиерата во опуштена модна комбинација во црни чизми, тесни фармерки, кошула и кожна јакна, а облеката ја комплетирала со чанта и светло-кафеава шамија. Ако навистина се нашминкала, тогаш тоа го сторила минималистички. View this post on Instagram Thank you @boss still dreaming about this perfect show! Thanks to the whole team and @ingowilts @pg_dmcasting @samuel_ellis @helenaballadino @norarochlitzer A post shared by Nico (@nico.potur) on Sep 26, 2020 at 5:35am PDT Во неделата, манекенката ги почести своите следбеници на Инстаграм со провокативна црно-бела фотографија на која носи раскопчана блуза со градник одоздола. „Бавни недела“, напиша Потуралски во потписот на гореспоменатата фотографија. Потуралски се појави на модната писта на модната недела во Милано во петокот, каде ја носеше колекцијата на модниот бренд Хуго Бос. Патуралски и Пит се заедно од ноември минатата година, кога ја посетија изведбата на операта Набуходоносор на Канје Вест во Лос Анџелес. „Дејли меил“ пишува дека поранешната сопруга на Пит, Анџелина Џоли (45) била „разбеснета“ кога Пит ја однел Потуларски во неговиот замок Шато Миравал во Франција, местото каде што се венчале Џоли и Пит. „Дејли меил“ исто така пишува дека Потуралски во отворен брак со германскиот претприемач и сопственик на ресторан Борхард Роланд Мери (68), со кого има и 7-годишен син. Инаку, Потуларски зборува пет светски јазици, а се појави и на насловната страница на германското издание на списанието „Еlle“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во МакедонијаКлиматските промени кои ни се веќе реалност која ја живееме а кои со себе носат потопли и посушни лета и се поблаги зими покрај проблемите за земјоделците носат и придобивки. Една од тие придовки со затоплувањето е ширењето на насадите под маслинки во Македонија, кои досега беа карактеристични само за медитеранските продрачја а сега веќе границата драстично се поместува. Засега овие насади во помал број се подигаат во јужните региони во земјава, Дојран, Гевгелија, Валандово но според науката за тоа каде успешно може да се одгледуваат маслинки не треба да се гледа регионот туку важни се многу фактори поврзани со микро локацијата. Пред 20 тина години во Македонија имаше голем инересот за подигање на маслинови насади но најголемиот дел од нив измрзнаа зимата 2001/2002 поради долгиот период со многу ниски температури. Маслинката иако е исклучително способна за регенарација и нејзината долговечност од 100 години па дури има записи за маслинови дрва стари и до 2000 години сепак може да измрзне ако се работи за млади садници. Затоа препораката на стручните лица е да се засадуваат трогодишни садници и уште најмалку две години да се заштити нивното стебло од можно мрзнење за потоа да немаат проблеми, нешто што го потврдуваат и земјоделците кои веќе 20 години имаат маслинки кои ги одгледуваат во Македонија. Маслинката за која расте интересот за нејзино ширење нуди нови можности за македонското земјоделство. Макеоднија е целосно увозно зависна од трпезни маслинки како и од увоз на маслиново масло кое заради начинот на здрава исхарана станува се побарано, заради што немаат маслинките проблем со пласманот. Но освен производство и преработка маслинките нудат и можнсот за развој на агро руралниот туризам за кој доста од странците кои ја посетуваат земјава се заинтересирани. Тагови: маслинки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook