Папараците го уловија Хари Стајлс додека разменува нежности со канадска актерка (ФОТО) - Канал 5

Папараците го уловија Хари Стајлс додека разменува нежности со канадска актерка (ФОТО)

Пред неколку месеци го поврзуваа со Емили Ратајковски, а сега пејачот Хари Стајлс е фотографиран во прегратките на канадската актерка Тејлор Расел.

Папараците го уловија Хари Стајлс додека разменува нежности со канадска актерка (ФОТО)

Фотографите ги снимиле на средба во Лондон кога Хари и Тејлор заедно заминале од ноќен клуб. Претходно, Хари ја прегрна актерката околу половината, додека таа за возврат го допираше по неговите раце.

Пред да одат на забавата, Хари ја гледаше изведбата на Расел во претставата The Effect во лондонскиот национален театар, на кој им се придружија познатиот водител Џејмс Корден и неговата сопруга.

"Тие често се држеа за рака. Хари не ја пушташе Тејлор ниту една секунда. Ја запозна со Џејмс и често ѝ шепотеше и ја насмеа", рекол извор за Page Six. Двојката предизвика гласини за запознавање минатиот месец кога Тејлор присуствуваше на концертот на Хари во Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат.

Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко.

Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер