Паолучи: Зголемувањето на јавниот долг се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата - Канал 5

Паолучи: Зголемувањето на јавниот долг се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата

Јавниот долг во Република Македонија значителни се зголеми и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. 

Паолучи: Зголемувањето на јавниот долг се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата

Темите за кои ќе се дискутира денеска се од глобална важност и се порелевантни денеска од било кога заради неизвесностите и фискалните кризи што го погодија регионот, но и целиот свет, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Македонија Масимилијано Получи на денешната презентација „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“ пред членовите на собраниските комисии за финансирање и буџет и за економски прашања, труд и енергетска политика.

-Јавниот долг во Република Македонија значителни се зголеми и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно, рече Паолучи во обраќањето пред комисиите во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.

Нагласи дека новите фискални правила и институции преку наложување може подобро да функционираат во втемелување на здрави јавни финансии доколку независните фискални институции ги оценуваат макрофискалните предвидувања на централната влада и делуваат согласно правилата.

-Но, воведување на фискалните правила без политичка волја за нивно спроведување не може да гарантира одговорни фискални политики. Има простор за дебата како функционираат, дали функционираат и се надеваме дека некои од тие прашања ќе ги дискутираме денеска, рече Паолучи.

Нагласи дека и некои од другите држави на Западен Балкан исто така преземаат одредени мерки за зачувување на остварените придобивки со кои, како што рече, се надеваат да ги затворат празнините и чекорите во финансиски и човечки капитал што им е приоритет.

-Процесот на придружување наложува придржување кон подготвувањето на доверливи јавни сметки и статистики. Се надевам дека на денешната конференција ќе го разгледаме значењето на овие рамки за стабилизирање на јавните финансии, рече Паолучи и му се заблагодари на Фискалниот совет за поддршката и помошта за организирање на конференцијата.

За денеска попладне е закажана конференција на иста тема во скопскиот хотел „Мериот“.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер