Пановски: Новите варијанти на ковид се попреносливи, но не предизвикуваат потешки компликации

-Во зимските месеци ќе расте бројот на инфицирани со ковид, имуни сме на тешки форми, но не и од заразување. 

Во пресрет на есента се очекува да расте и бројот на заболени од ковид.

Микробилогот Никола Пановски за Канал 5 вели дека е очекувано, но дека новите варијанти иако се попреносливи, но не носат потешки комликации.

Според Пановски засега нема потреба од построги мерки.

-Во зимските месеци ќе расте бројот на инфицирани со ковид, имуни сме на тешки форми, но не и од заразување. Новите варијанти на ковид се попреносливи, но не предизвикуваат потешки компликации. Секој што е болен или настинат да седи дома, ако мора да излезе да носи маска.засега нема потреба за посериозни мерки. Западните земји подготвуваат нова вакцина за лица над 65 години, но ако јас зборорувам за вакцина, не знам дали ќе можам да си стигнам дома, порача меѓудругото во разговорот професорот Пановски.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Јана Јосифиска со микробилогот Никола Пановски.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер