Паника во Париз поради коронавирусот , разграбани маските (ВИДЕО)

Во Европа, првите заразени лица со опасниот коронавирус се во Франција. Првите две лица се откриени синоќа, додека третото лице е откриено денеска, а сега се познати некои детали.

Првите двајца заразени се кинеска двојка која пристигнала во Франција со авион на 18 јануари, но во тоа време немале симптоми на болеста. Станува збор за 31-годишен маж и неговата една година помлада сопруга. Првите симптоми на болеста ги забележале по пристигнувањето во Франција.

Француските медиуми објавија изјава на Јаздан Јазданпанах, началник на инфективниот оддел во болницата во Париз каде што тие се лекуваат, кој рече дека еден од првите симптоми е забележан при пристигнувањето, додека другите ги добиле дури пет дена подоцна, на 23 јануари.

Јазданпанах им рече на новинарите дека нема потреба од паника и дека ризикот од ширење на епидемијата во Франција е многу мал. „Начинот на кој беа третирани првите случаи, покажува дека нашиот здравствен систем е стабилен, функционален и подготвен да одговори на квалитетен и брз начин. Нашата просторија за карантин е ефикасна “, рече првиот човек на Службата за итни случаи во Париз.

Третиот пациент е 48-годишен Кинез кој работел во винската индустрија. Тој пристигна со авион од Вухан во Холандија, од каде се упатил кон Бордо. Тој влегол во Франција на 22-ри јануари. Побарал лекарска помош еден ден подоцна, а два дена подоцна било потврдено дека има коронавирус.

„Тој сега е добро. На 23 јануари беше хоспитализиран со симптоми на грип, имаше треска и кашлање. Веднаш беше ставен во изолација“, соопшти Министерството за здравство.

Градоначалникот на Бордо изјави дека пациентот бил во контакт со 10 до 15 лица откако се вратил од Кина и дека сега тие биле под контрола на надлежните служби.

Овие случаи го поставуваат прашањето дали скринингот на патниците на многу аеродроми е воопшто доволен, бидејќи е јасно дека кај сите тројца заразени симптомите се развиле по пристигнувањето во земјата.

Ројтерс пишува дека во некои париски аптеки се распродадени хируршките маски за лице.

„Луѓето станаа хистерични. Сите од утрово купуваат хируршки маски“, изјави еден фармацевт за Ројтерс.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер