ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветПаника во Литванија: Почнете да градите атомски засолништа, има место само за половина од населението Литванија им порача на своите граѓани да почнат да градат нуклеарни засолништа, бидејќи расте стравот дека балтичката нација би можела да биде вовлечена во војна со Русија.Земјата, која се граничи со Белорусија и руската енклава Калининград, ги повикува своите граѓани да се подготват повеќе од една година. Нејзината локација се смета за потенцијална закана, со оглед на тоа што Белорусија е близок сојузник на Путин, а двете земји одржаа заеднички воени вежби „Запад“. „Во Литванија моментално има 6.453 нуклеарни засолништа, кои можат да сместат околу 1,5 милиони луѓе или 54 проценти од населението на земјата“, соопшти владата оваа година, објави Дејли Меил. Во главниот град Вилнус, подрумите на многу згради се претворени во засолништа. „Луѓето сакаат да се чувствуваат безбедно, да знаат дека можат да се заштитат во случај на бомбардирање и војна, барем за неколку дена. Се согласуваме дека треба да се подготвиме за најлошото“, рече Видас Магнавичиус, менаџер на зградата. Предупредувањата доаѓаат во време кога рускиот претседател Владимир Путин се заканува со брза одмазда против Европа, инсистирајќи дека Москва ќе одговори ако биде испровоцирана. „Руските контрамерки нема да траат долго. Ако некој сè уште сака да се натпреварува со нас во воената сфера, слободно пробајте. Елитите на обединета Европа продолжуваат да поттикнуваат хистерија. Излегува дека војната со Русите е речиси на прагот. Тие ја повторуваат оваа глупост, оваа мантра одново и одново“, рече Путин, зборувајќи во Дискусиониот клуб Валдај во Сочи во четврток. И покрај заканите на Путин и повиците од литванската влада, критичарите предупредија дека многу од засолништата во земјата се застарени или премногу мали. Повеќе од половина од општините се соочуваат со недостиг, а некои засолништа постојат само на хартија. Градскиот совет на Вилнус вети дека ќе надгради 32 локации за да можат да бидат готови во рок од 12 часа од вонредна состојба. Министерството за внатрешни работи, исто така, започна програма за цивилна заштита, инвестирајќи десетици милиони евра во подобрувања. Службениците признаваат дека најтешкиот дел може да биде убедувањето на луѓето да се подготват без да предизвикаат паника. „Исто така, би било неодговорно да ги иритираме луѓето со муабет за војна, но сите мора да најдеме начин да се справиме со оваа многу сложена тема“, рече Донатас Гуревичиус од Литванската противпожарна и спасувачка служба. Тој додаде дека новите станбени згради и големите јавни згради во Литванија сега мора да бидат опремени со засолништа од бомби, „практика што земјите добро подготвени за цивилна одбрана, како што се Финска и Швајцарија, ја спроведуваат со децении“. Литванија, поранешна советска република со 2,9 милиони жители, а сега членка на НАТО и ЕУ, веќе одобри план за евакуација во случај на војна. Ранливите жители ќе бидат преместени на безбедно место, додека оние кои се способни за борба ќе ја поддржат армијата. Владата, исто така, изработи интерактивна мапа на засолништа и водич за преживување што им покажува на луѓето како да преживеат 72 часа во криза. Војната во Украина, најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна, веќе ја предизвика најлошата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза. Кремљ негира дека планира да го нападне НАТО, но официјалните лица во Вилнус стравуваат дека нивната земја би можела да биде следна. Многу европски земји сега се подготвуваат за можна војна со Русија, а не само Литванија. Финска, која дели долга граница со Русија, ја зајакнува својата одбрана. Оваа недела имаше повици Шведска, позната по својата неутралност, да започне со изградба на сопствено нуклеарно оружје за да го одврати Путин. Неколку земји-членки на НАТО се исто така во состојба на зголемена готовност по неколку руски провокации на источното крило на организацијата, вклучувајќи го и летот на моќни руски борбени авиони над естонскиот воздушен простор минатата недела. Многу земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Полска и Германија, издадоа сериозни предупредувања против понатамошна агресија.Тагови: засолништа Литванија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Словачка се одржуваат локални и регионални избори Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR. Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија. Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети. Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште. Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.Тагови: Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21