Паника во град во Холандија- од понеделникот избегала отровна кобра, поставени се стапици

Во тек е потрага по отровна кобра во холандскиот град Лејлистад, која што во понеделникот побегнала од живеалиштеот, објави холандскиот NL Times.

Можно е животното се уште да е некаде во куќата, но сопственикот не успеал да ја најде.

Во градот се поставени стапици за змии, а кучињата трагачи го бараат отровното животно.

Општината ги советува луѓето од околината да ги затворат прозорците и вратите, да ги чуваат домашните миленици во затворени простории и да не ги пуштаат надвор без поводник.

„Шансата да бидете каснати не е голема, но доколку се случи, каснувањето може да предизвика болка, оток и симптоми на невролошки колапс“, велат од општината.

Кобрата (вид Aspidelaps scutatus) е долга околу 50 сантиметри и генерално избегнува конфронтации.

И покрај тоа, на граѓаните им е препорачано да не се обидуваат да ја фатат доколку ја видат.

Експерт за змии на некои места ќе ги испрска тротоарите, за да може да го види отпечатокот на змијата ако помине.

Во Холандија, сличен инцидент се случил во Тилбург, во ноември.

Тогаш отровната зелена мамба избегала, но неколку дена подоцна била пронајдена зад ѕид од гипс на поткровјето на куќата на сопственикот.

Израел потврди дека ја добил листата на заложници

Израелската влада потврди дека добила список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.

Хамас претходно објави дека денеска им ги предал на посредниците имињата на тројцата израелски заложници кои групата ќе ги ослободи во Газа.

-Бригадите Ал-Касам одлучија денеска, недела, 19 јануари 2025 година, да ги ослободат следните израелски затвореници, објави вооруженото крило на Хамас, објавувајќи ги имињата на трите млади жени киднапирани на 7 октомври 2023 година.

Камион натоварен со јаглен направи хаос во село во БиХ- урнати бандери, огради, куќи (ВИДЕО)

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска во Масловаре кај Котор Варош во БиХ, кога камион натоварен со јаглен изгубил контрола и оштетил делови од дворови на неколку куќи.

Како што може да се види на снимките, урнати се огради во неколку дворови, во еден од нив настрешница, а срушена е и бандера, што им направи дополнителни проблеми на мештаните, објави Независне.

Според локалните жители, се чини дека камионот превезувал руда од локалниот рудник, кој бил затворен со години, но неодамна повторно започнал со работа.

Во оваа несреќа за среќа нема повредени, а полицијата извршила истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

притисни ентер