СветПаника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а уште едно е во критична состојба по крвавиот инцидент што се случи во срцето на Тајмс Сквер во Њујорк вчера попладне.Според локалните медиуми, осомничената, Памела Циснерос (49), избодела две лица со нож во растојание од само 20 секунди. Прво избодела 68-годишен маж во стомакот додека излегувал од станица на метрото и чекал да ја премине улицата, а потоа смртоносно избодела 32-годишна жена во стомакот. Инцидентот се случил кратко пред 16:30 часот по локално време, во една од најпрометните области во Њујорк. BREAKING: Moment a knife-wielding woman was shot by NYPD officers in Times Square, Manhattan. pic.twitter.com/AjlGA6boht — Breaking911 (@Breaking911) August 31, 2026 Веднаш по нападот, Циснерос, која има историја на ментални заболувања од 2018 и 2019 година, се упатила кон областа каде што се наоѓа Полициската управа на Њујорк (NYPD). Полицијата ја затекнала како држи и мавта со нож, додека снимките објавени на социјалните мрежи ги забележале драматичните моменти пред голема толпа минувачи. На снимката се гледа жена во розова маица, фармерки и чанта обесена на градите, како држи нож и се движи кон полицајците. Today in Times Square when tasers don't work pic.twitter.com/aALVDZgYD0 — The E Man🇺🇸Street PHD (@DETECTIVE4LIFE) August 31, 2026 Полицајците прво се обиделе да ја совладаат со тазер. Според истите информации, жената ги извадила електродите и продолжила да се соочува со полицајците. Кога тргнала кон нив со ножот насочен во нивна насока, најмалку еден полицаец отворил оган. На снимката се гледаат повеќе истрели, по што жената паѓа на земја, додека испаничените минувачи бегаат од местото на инцидентот. Полицајците веднаш ѝ пристапиле на жената за да ѝ пружат помош. Полицијата соопшти дека оружјето употребено во нападот е пронајдено и конфискувано. Фотографиите од местото на настанот го покажуваат полицаецот како држи голем кујнски нож пред продавница за сувенири, во близина на местото на нападот. Според шефот на полицијата во Њујорк, Џесика Тиш, полицајците разговарале со жената околу четири минути и ѝ дале „повеќе наредби“ да ги фрли ножевите, но таа одбила. Таа додаде дека Сиснерос им рекол на полицајците: „Нема да оставам ништо зад себе. Подобро би ве убила двајцата. Ќе ве убијам.“Тагови: нож Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00