ЖивотПаника на плажа: Од водата излезе „чудовиште“ од четири метри, сите се разбегаа (ВИДЕО)Посетителите на плажа ги фати паника кога на брегот се појави огромна риба, за која се верува дека ги напушта длабочините на морето само пред катастрофа.Таканаречената веслачка риба се смета за предвесник на катастрофа поради нејзината наводна поврзаност со земјотреси. Суштеството долго четири метри очајно се обидувало да дише низ жабрите кога било надвор од водата, но посетителите на плажата Чанкас во Пунта Сал, Перу се обиделе да ѝ помогнат да се врати во морето. И покрај сите напори на локалното население, рибата угинала. Некои жители биле премногу загрижени за да останат на плажата бидејќи се плашеле дека земјотрес ќе се случи за неколку минути. Сепак, ништо страшно не се случило, но земјотреси биле забележани неколку дена откако била забележана рибата. -Рибарите не се плашеа да ја допрат и се обидоа да ја вратат во морето, сепак, таа беше предодредена да умре - вели еден од жителите на градот. На видеата и фотографиите може да се видат двајца мажи како ја повлекуваат долгата риба назад во водата пред голема група набљудувачи, меѓу кои и десетици деца. - Веќе е познато дека во овие времиња се случуваат катастрофи и дека многу од нас ќе настрадаат поради тоа - наведува еден корисник. - Овие риби се синоним за земјотреси и цунами. Треба да размислите за тој последен земјотрес кај брегот на Ел Салвадор - предупредува друг корисник. - Ова не значи дека доаѓа катастрофа. Станува збор за длабочински риби кои доколку се повредени или пред умирање доаѓаат на брегот - продолжи трет корисник. Рибарите рекоа дека тоа е вториот примерок на веслач што го пронашле на плажата во последните месеци. Таа претходно се појави на плажа за време на циклонот во март. Поради нивната големина и форма, веслачите наликуваат на морски змии и се сметаат за предвесници на земјотреси и несреќи во јапонската митологија. Митот повторно се разгоре во 2011 година по земјотресот и цунамито во Јапонија. Непосредно пред катастрофата, најмалку десетина од ретко видените риби излегле на брегот на Јапонија околу 2009 и 2010 година. Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека митот нема валидност во ниту една научна студија. Рибата се смета за една од најдолгите во океанот и може да достигне должина од 17 метри и тешка повеќе од 200 килограми. Нивните тела се без крлушки, но нивната кожа има лигава сребрена заштитна обвивка позната како гванин. Нивните грбни перки започнуваат меѓу очите и стигнуваат до опашката. Поради неговата способност да се приспособува на различни температури, го има во поголемиот дел од светските океани, со исклучок на половите. Живеат на длабочина до 1.000 метри. Одвреме-навреме завршуваат на плажите по невреме или кога ќе добијат сериозни повреди, објави британски Мирор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55