За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.
Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.
Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.
Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.