3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30 дена притвор за 19-годишникот по крвавата пресметка во Чаир13 годишното момче, кое пред два дена заради убоди во градниот кош и повреди на срцето, беше итно опериран и се лекува на КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е во постабилна здравствена состојба, но се уште е критична, објаснуваат од КАРИЛ.13 годишникот кој му нанесе тешки убодни рани нема да има кривична одговорност заради возраста. Од кривичниот суд потврдија 30 дена притвор за 19 годишникот кој завчера учествуваше во крвавата тепачка во скопски Чаир. Неговиот 13 годишен брат со нож им нанесе убодни рани на тројца од кои двајца малолетници. 19 годишникот е осомничен за насилство врз дете, а неговиот 13 годишен брат нема да одговара за кривично дело иако тој според извештајот на полицијата ги нанесол тешките убодни рани. Според Законот за правда за децата детето нема наполнето 14 години и не може да има кривична одговорност без оглед на тешкотијата на кривичното дело и постапката се запира, а за случајот се известува надлежниот центар за социјална работа. Потоа може да се применуваат мерки на помош и заштита, во зависност од процената на ризикот и најдобриот интерес на детето, но тие не претставуваат кривична казна или кривична санкција. Законот предивидува за деца од 14 до 16 години децата да имаат воспитни мерки, а за малоетниците од 16 години да имаат и потешки санкции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови од претходната власт, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако СДСМ втор ден ја обвинува Владата дека продолжува со нови зголемувања на јавниот долг. Според него главен проблем се каматите на наследените долгови кои треба да се плаќаат и во следните години, но уверува дека власта е мотивирана да ги решава сите предизвици, а на прашањето од каде ќе се земаат парите одговори дека тоа ќе биде од заемодаватели. Мицкоски повторно се повика на ставот на Бранимир Јовановиќ, екс советник во кабинетот поранешниот министер за финансии Тевдовски, како потврда за долговите од претходната влада. - Кога тие дошле во самото министерство за финансии за камати плаќале 120 милиони евра. А 2026 година, која што е само втора година од оваа коалициона Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ плаќа 350 милиони. Тоа се камати на долгови коишто ние ги наследивме од Владата на СДСМ и ДУИ. Сите задолжувања се за проекти како овој, за враќање на стари долгови, еврообврзници. Оваа година имаме обврзница од 700 милиони, следната 2027 имаме 500 милиони, во 2028 повторно 700 милиони, имаме камати, буџетски дефицит за реализирани на капитални инвестиции. Тоа се тековни расходи, но она што е важно е дека имаме една од најниските инфалции во Европа, имаме раст на БДП, раст на индустриското производство, изјави Мицкоски. Од опозициската СДСМ, пак, и денеска реагираат дека Владата на последната седница донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијради евра, со што повторно буџетскиот дефицит ќе надмине 4% од БДП. - Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери, изјави Кузеска. Според последните официјални податоци на министерството за финаснии, на крајот на јуни јавниот долг достигнал 10,7 милјарди евра и изнесува 58,8% од БДП. Во однос на 2024 година, во апсолутетен износ долгот е зголемен за нешто над 1 милјрада и 100 милиони евра, но како процент од БДП е намален за речиси 3%, со оглед дека во 2024 беше рекордни 61,4%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг СДС повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека државата е пред финансиски колапс. Но проблемот за СДС е што нивната политичка математика не се совпаѓа со официјалните податоци.Тезата дека Македонија „брутално се задолжува“ и дека јавниот долг излегува од контрола паѓа пред една едноставна бројка: на крајот на вториот квартал од 2026 година јавниот долг изнесува 58,8% од БДП. Тоа е за 0,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2025 година и дури 2,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2024 година. Ако долгот „експлодира“, како што тврди СДС, тогаш нека објаснат како неговото учество во БДП се намалува. Одговорот е едноставен. СДС намерно ги собира сите износи на обезбедено финансирање и ги прогласува за „нов долг“, но молчи за милијардите евра што државата истовремено ги враќа. Тоа не е економска анализа, туку политичка манипулација. Само од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра: 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Тоа се 4,556 милијарди евра кои СДС ги нема во својата пресметка. Само годинава целосно е исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, во време на владеењето на СДС. Од неа, 383,7 милиони евра беа исплатени предвремено во февруари, а останатите 327,9 милиони евра при достасувањето. Со предвремената отплата беа заштедени и 3,2 милиони евра буџетски средства. Затоа, пред СДС да држи прес-конференции за тоа кој ја задолжувал државата, добро е прво да погледне кога се создадени обврските што денес ги плаќаме. Оваа Влада денес обезбедува средства за тековното функционирање и развој на државата, но истовремено враќа милијарди евра обврски преземени во минатото. И покрај тоа, јавниот долг во однос на БДП е намален. А што е оставено за плаќање во следните години најдобро покажуваат бројките. Во периодот 2027–2031 година државата треба да сервисира околу 5,129 милијарди евра главница и околу 2,396 милијарди евра камати – вкупно околу 7,525 милијарди евра. Тоа се реални обврски со конкретни рокови на достасување. Затоа сериозна Влада однапред го планира нивното сервисирање и рефинансирање. Само неодговорна опозиција може секое рефинансирање на стар долг да го прогласува за целосно „нов долг“, а притоа да премолчи кој и кога го создал долгот што сега достасува. Најдобриот показател за тоа дали долгот е под контрола не е политички избрана апсолутна бројка, туку неговото движење во однос на економијата. А тука СДС повторно има проблем со фактите: јавниот долг е 58,8% од БДП и е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година. Тоа е одговорот на нивната теза дека „од нешто правиме ништо“. Напротив, се сервисираат милијарди евра стари обврски! Тезата дека „касата е празна“ е уште една политичка конструкција. Фактот дека државата се финансира на домашниот и меѓународниот пазар не значи дека „нема пари“. Тоа е нормален дел од управувањето со јавните финансии – се финансира буџетскиот дефицит, се рефинансираат обврските што достасуваат и се обезбедува навремено сервисирање на долгот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook