МакедонијаПандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена, верувам во натамошен напредок– Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава. По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност - Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, нагласи, дека од нив огромен процент ја сакаат работата и не сакаат државата да е на ова ниво со корупција. – Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција, рече Пандов. Вели во одредени затвори бројките на затвореници кои имаат мобилни телефони се поразителни, односно како што рече „нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“. – Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците. Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа. Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони и точно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон, рече Пандов.Тагови: Александар Пандов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на ФлоридаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида. Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20. По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГодишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГЗемјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји. Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност. Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка. МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц: „Немаме повеќе пари за се“ Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот. Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва. „Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц. „Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. „Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц. Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook