Пандов, Миленко Неделковски, Владимир Панчевски приведени поради забава во кафеана по 21 часот - Канал 5

Пандов, Миленко Неделковски, Владимир Панчевски приведени поради забава во кафеана по 21 часот

Забавата за пензионирање која што ја организирал поранешниот спортски коментатор Миленко Неделковски во кафеана во скопско Стајковци завршила со полициска интервенција. 

Пандов, Миленко Неделковски, Владимир Панчевски приведени поради забава во кафеана по 21 часот

Дури 18 лица присутни на журката се приведени во полициската станица Гази Баба поради прекршување на протоколите. Односно од МВР дека постапувале по пријава поради престојот на гостите во локалот по дозволеното време до 21 часот.

- Полициски службеници заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршија контрола кој што е во сопственост на С.П и А.П, при што во објектот биле затекнати 18 лица. Овие 18 лица се приведени во полициската станица гази баба за понатамошна постапка поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, вели Сузана Прањиќ од МВР.

На прославата бил и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов кој ја потврди случката за Канал 5. Според него целата ситуација се одвивала околу 21:30 часот. Тој вели дека никој во кафеаната не ги предупредил дека останале повеќе отколку што е дозволено, а доброто расположение довело до тоа да изгубат чувство за тоа колку е часот, додавајќи дека ќе сноси одговорност доколку дошло до прекршување на законот.

-Можеби нешто пред 9:30 часот влегуваат внатре, мислам дека имаше 50-100 полицајци, надовор 5 марици и ја помислив во прв момент дека некое убиство се случило или не знам какво кривично дело. Потоа кажаа дека до 9 часот работеле објектите и сме направиле престап. Од тие причини бевме поканети во полициска станица гази баба каде што крајно учтиви беа полицајците, дадовме изјави и тоа е тоа, вели Александар Пандов.

Според информациите во друштво на Неделковски и Пандов биле уште неколку лица познати на јавноста. На прославата се приведени поранешниот претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски и Александар Митовски новинар. Во кафеаната биле уште десетина лица, а некои по пристигнувањето на полицијата успеале да избегаат. Акцијата е спроведена по иницијатива на државниот пазарен инспекторат, информираше директорот Стојко Пауновски. Тој вели дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната се одржуваат забави по 21 часот, но кога инспекторите се појавувале тие веќе биле завршени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

​СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт.

Ова е проблем што се провлекувал со години, додека Филипче и СДС управуваа со државата.

Прашањето кое треба да го одговорат СДС и Венко Филипче е што тие направија за да ги заштитат граѓаните?

Имено, на 15.09.2022 година имаме извештај во кој пишува дека водата не е безбедна за пиење, а ова е за Гостивар. На ден 07.10 месец подоцна, истата година 2022, додека СДС беше на власт, исто така водата не била безбедна за пиење, но тие не им кажале на граѓаните дека таа не треба да се конзумира.

Два месеци подоцна, 17.12.2022 повторно не е безбедна за пиење поради зголемен број на колиформни бактерии. Ова е време кога сдс е на власт. 21.12 истата година Гостивар. Одиме понатаму.

СДС на власт 24.03.2023 година 21.06.2023 во топли времиња СДС додека беше на власт не им кажа на граѓаните на Гостивар дека водата не е за конзумирање туку ги остави да се трујат граѓаните 05.07.2022 19.07.2022. Ова се документи кои стигнувале до Венко Филипче, но тој не наишол на разбирање.

Почитувани граѓани, овие документи биле доставени токму до Венко Филипче и институциите кои тие ги воделе. Тие располагале со информации, но зошто не ги информирале граѓаните? Тие знаеле за проблемите, но зошто не ги отстраниле?

Еве ако евентуално не знаеле како ја воделе државата. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места.

Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, а не политичко лицемерие.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Нејзината тежина веќе подолго време ја загрижува јавноста, но сега ситуацијата кулминираше.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата.

Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six.

„Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение очекува турнејата да ја заврши здрава, среќна и во голем стил, а потоа да си земе заслужена пауза од постојаните критики и преиспитувања“, изјавил нејзиниот претставник.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со Аријана Гранде?

Тој додал дека турнејата била прекрасно искуство за неа и дека неизмерно уживала во секој настап и во средбите со своите обожаватели.

Во меѓувреме, потврдено е дека Аријана се повлекува и од новата театарска продукција на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во кој следното лето требаше да настапи во лондонскиот Барбикан центар, заедно со актерот Џонатан Бејли.

Најголемата полемика околу нејзиниот изглед започна откако минатиот петок беше објавен видеоспотот за песната „Petal“. Во него Аријана се појавува во облека инспирирана од филмот „Brilliant“, по што социјалните мрежи се преплавија со коментари.

„Премногу е слаба и тоа е загрижувачко“, „Луѓето имаат право да бидат загрижени за нејзиното здравје“, „Буквално ѝ се гледаат коските“, беа само дел од реакциите.

Извор близок до пејачката ги отфрли шпекулациите и истакна дека Аријана е здрава.

„Настапите се физички исклучително напорни и бараат врвна кондиција. Таа секоја вечер настапува на највисоко ниво, здрава е и успешна“, изјавил изворот.

Според достапните информации, 33-годишната Аријана Гранде, висока околу 155 сантиметри, тежи приближно 48 килограми.

Извор: PageSix

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.

Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер