Пандев: Бодрете ја Македонија - Канал 5

Пандев: Бодрете ја Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев очекува два исклучително тешки натпревари против Турција и Шпанија.

Пандев: Бодрете ја Македонија
Тој ја повикува публиката да биде 12. играч и да им даде мотив повеќе на претстојните дуели.

- На мене, а и на соиграчите секогаш ни е најдраго кога играме против најдобрите. Турција е многу силна репрезентација, доаѓаат во полн состав, но сигурно нема да се браниме. Мораме да држиме ритам во текот на сите 90 минути и да бидеме фокусирани. Атмосферата е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се надигруваме, изјави Пандев.

Дуелот со Турција е закажан за в понеделник на 5 јуни во 19:45 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. зс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер