Панчевски смета дека направедно бил исфрлен од трката за јавен обвинител, бара институциите да постапат по допрен глас - Канал 5

Панчевски смета дека направедно бил исфрлен од трката за јавен обвинител, бара институциите да постапат по допрен глас

Поранешниот судија Владимир Панчевски формално нема да поднесе кривична пријава против сите членови на Советот на јавни обвинители. 

Панчевски смета дека направедно бил исфрлен од трката за јавен обвинител, бара институциите да постапат по допрен глас

Очекува институциите самите да постапат по допрен глас, врз основа на неговата јавна објава на социјалните мрежи во која реагира на вчерашната дисквалификација од трката за републички јавен обвинител.

Во телефонски разговор за Канал 5 вели дека во време на информатичка технологија е илузорно пријавата да се поднесува во класична писмена форма.

Панчевски, кој беше единствениот кандидат кој доби негативно мислење од Советот, поради тоа што не го исполнувал условот да има десетгодишен непрекинат стаж како судија кривичар, тврди дека незаконски бил дисквалификуван и ја повика Владата да ја поништи истата. Во објава на фејсбук приложи и потврда од Кривичниот суд дека има повеќе од 12 години судиски стаж.

Кривичната пријава, како што напиша, е насочена против сите членови, вклучително и претседателот Башким Бесими и заменик-претседателката Марјана Илиеска, за која тврди дека требало да се изземе од постапката поради можен судир на интереси.

-Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско - обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем. Ги повикувам Владата и органите на прогонот да се охрабрат и веднаш да постапат по оваа пријава за директна злоупотреба од страна на пријавените. – стои меѓудругото во објавата на Панчевски.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими, вели дека сѐ додека официјално не биде известен за евентуална кривична пријава од надлежните институции, нема да ги коментира обвинувањата изнесени од Владимир Панчевски.

-До мене сѐ уште не е пристигната никаква официјална информација за кривична пријава, ниту имам сознанија за такво нешто. Поради тоа, не можам да коментирам или да изнесувам став на оваа тема. - ни посочи Бесими во кус телефонски разговор.

На вчерашната седница, преостанатите четворица кандидати за наследник на Коцевски добија позитивно мислење од Советот. Канидатурите на Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ, Ленче Ристоска и Ненад Савески наскоро ќе се најдат пред владата. Премиерот Мицкоски рече дека го чекаат мислењато од Советот, по што ќе се одлучат за еден кандидат и како предлог ќе го достават до Собранието.. Новиот државен обвинител треа да биде избран со 61 глас ЗА.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер