МакедонијаПанче Тошковски ја презеде функцијата министер за внатрешни работиПанче Тошковски, кој беше министер за внатрешни работи во техничката Влада од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи.Како што соопшти МВР, на чинот на примопредавањето на функцијата во Министерството за внатрешни работи, од страна на досегашниот министер Назим Буши, Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во Министерството. Министерот Тошковски, кој е кадар во новата влада од ВМРО-ДПМНЕ, претходно денеска присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на бегалците во Парламентот. Панче Тошковски е роден во Велес на 14 јуни 1982 година. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет во Скопје и има положено адвокатски и правосуден испит. Во политиката влегува по повеќе од десетина години работа како адвокат во периодот од 2011 до 2024 година. Од 2011 до 2013 година бил член на одбор на директори на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор сопственост на Република Македонија, додека од 2008 до 2011 работи како советник во Министерството за транспорт и врски. Членувал во повеќе комисии, бил обучувач во повеќе проекти. Има положено испит за проценка на недвижен имот при Комората на проценувачи, основна обука за протокол при МВР, како и повеќе обуки и семинари за менаџмент, лидерство и управувачки способности. Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека работел како приправник во Основен суд Скопје 2 и адвокатски приправник. Одлично го зборува и англискиот јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСамит за родова еднаквост во спортотНа Самитот за родова еднаквост во спортот 15 федерации поддржани преку субгрантирање од МОК ги презентираа акциските планови за инклузивност.Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Македонија, а е реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од по 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и за имплементација на конкретни мерки со кои спортските организации треба да станат поправедни, побезбедни и поинклузивни. За време на настанот беа презентирани резултатите од досегашните активности на грантистите, при што беа споделени успешни практики, научени лекции и конкретни примери за улогата на спортските федерации како двигатели на позитивни општествени промени. Во рамки на самитот се одржа и панел-дискусија на која претставници на спортските федерации и на Параолимпискиот комитет дебатираа за предизвиците, можностите и за идните чекори потребни за поголема застапеност на жените, како на спортските терени, така и во процесите на донесување одлуки. Организаторите изразија задоволство од покажаното лидерство и посветеност на вклучените федерации, посочувајќи ги како пример за позитивни промени во македонскиот спорт и инспирација за идните генерации. Од самитот беше испратена порака дека еднаквите можности во спортот се заедничка одговорност и дека продолжува работата кон градење спортски систем кој е безбеден, инклузивен и достапен за сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на Фејсбук: Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател МакронПријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, објави на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка. Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски: Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општинитеПреку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините.Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините. Вицепремиерот Николоски додаде дека Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изгардба и рехабилиатција на локланите улици во општните. За овие две години, како што потенцира Николоски, реконструирани се преку 90 улици во општините низ државата и инвестирани се преку 25 милиони евра што јасно покажува дека оваа Влада е силно посветена на урбаниот равој на општините и подобрување на животот на граѓаните. “ Соработката со Светска банка е одлична и сакаме да реализираме повеќе проекти како поддршка на општините. Знаете дека ова е Влада која што неспоредливо со било која Влада предходно дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имеше два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. Денеска ќе зборуваме за проектот за локални патишта, во кој што за две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка” – изјави вицепремиерот Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook