АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари
1АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
КошаркаПанатинаикос ја освои ЕвролигатаГрчки Панатинаикос е нов кошаркарски европски првак, откако во вечерашното финале на Евролигата во Берлин го совлада шпански Реал Мадрид со 95-80.Панатинаикос до европската круна дојде со одлична игра во второто полувреме во кое му дозволи на шпанскиот гигант да постигне само 26 поени, од кои седум во третата четвртина. Костас Слоукас беше најефикасен во редовите на тимот од Атина, завршувајќи го финалето со 24 поени. Џанан Муса на спротивната страна реализираше 15 поени, а ветеранот Серхио Љуљ постигна 12 кошеви. За Панатинаикос ова е седма европска титула, а прва од 2011 година. Реал со 11 европски титули останува рекордер, а ова беше 21 финале за составот од Мадрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денариРедици уште од раните утрински часови, нервоза и негодување, засилено полициско присуство, а во неколку наврати и интервенции на Брза помош. Ваква беше сликата пред главната експозитура на АЛТА банка во Битола, која од денеска ги отвори вратите за шалтерска исплата на средства до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Но, иако шалтерите повторно работат, граѓаните се жалат дека пристапот до сопствените пари не оди подеднакво лесно. Исплатата се организира преку СМС-пораки со известување за точниот датум и време на доаѓање. Дел од повозрасните граѓани велат дека воопшто немаат мобилни телефони, други дека не добиле известување, додека има и такви кои, иако дошле без СМС-порака, успеале да завршат работа за дваесетина минути. Иако беше најавено дека покрај пензионерите, приоритет при исплатата ќе имаат и корисниците на социјална помош, дел од нив се пожалија дека денеска не успеале да ги подигнат средствата. Од Народната банка информираат дека шалтерите ќе останат отворени и ќе работат во две смени, вклучително и во сабота, со цел да бидат услужени што поголем број граѓани. Според најавите, вакви шалтери наскоро ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица. Иако стравувањата на штедачите ги оцени како оправдани, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика на смиреност, уверувајќи дека банкарскиот сектор во земјава е сигурен и дека случајот со АЛТА, како банка со мал удел во секторот, не претставува закана за неговата стабилност. Во однос на изјавата на гувернерот дека пред влезот на АЛТА банка на македонскиот пазар биле консултирани повеќе владини претставници, Кочоска демантира дека Министерството за финансии било дел од тие разговори. -Не знам... гувернерот не сум го ни слушнала кога го кажал тоа, но ние како Министерство за финансии не сме имале апсолутно никаква комуникација. Ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаеме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани, така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии апсолутно немало никаква комуникација со гувернерот по однос на ова прашање,-Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии. Лидерот пак на СДСМ Филипче на социјалните мрежи објави дел од записник од владина седница од 23 септември 2025 година, во кој според него, се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката Димитриеска-Кочоска. Тој тврди дека ова покажува дека министерката била информирана за постапката и побара нејзина оставка, но и истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за проверка на текот на парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаИзвештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски Вчера објавениот Извештај на Европската комисија попладнево пристигна во Владата.. Евроамбасадорот Рокас му го врачи документот на премиерот Мицкоски.На прес-конференцијата, двајцата ги презентираат клучните наоди и забелешки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура “17“, македонскиот кандидат за „Оскар“ со скопска премиера на 26. Скопје филм фестивалВо рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“.Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм. Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар авторски глас во домашната кинематографија. Филмот „17“ претставува суптилен и емотивно суров увид во созревањето, личните борби и предизвиците на новата генерација, отворајќи прашања за идентитетот, слободата и себепронаоѓањето. Свечената премиерa ќе започне со дефиле на црвениот тепих со почеток од 20:30 часот, каде што ќе пристигнат режисерката Косара Митиќ, актерската екипа и авторите на филмот, заедно со бројни домашни и меѓународни гости од филмската индустрија, по што со почеток во 21:00 часот, ќе следува официјалната премиерна проекција на филмот. “Скопје Филм Фестивал го заслужи најдоброто – бисерот на поновата македонска кинематографија. Скопје отсекогаш имало пребирлива и страсна филмска публика, па одржувањето на вечерашната премиера е од суштинско значење за културниот пулс на градот. Овој настан испраќа силна порака дека македонската филмска сцена има вкус, капацитет, визија и светски квалитет, факт кој до сега го покажа филмот “17“ со учествата на огромен број филмски фестивали, бројните освоени награди и признанија и секако, националната кандидатура за Оскар“, изјави Членот на Советот на СФФ и куратор на фестивалот, Ники Никитин. Покрај проекцијата на филмот, публиката на Скопје Филм Фестивал ќе има можност да се сретне со дел од авторската и актерската екипа зад „17“, кои ќе споделат детали од процесот на создавање на филмот што ја претставува македонската кинематографија во трката за најпрестижното филмско признание. Поради огромниот интерес за премиерното прикажување на филмот во Скопје, Организаторите на фестивалот препорачуваат билетите да се обезбедат навреме преку продажната мрежа на MK Tickets. Покрај премиерната проекција на „17“ во рамки на фестивалската програма, филмот ќе се прикажува во редовен репертоар во киното Синеплекс започнувајќи од 6 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter