Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
КошаркаПанатинаикос избори плејоф, за Црвена ѕвезда заврши ЕвролигатаПанатинаикос ќе игра во плејофот на кошаркарската Евролига, откако синоќа во дуелот со Монако забележа победа со 87:79. Предводник до победата на грчкиот тим беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој постигна 21 поен. Монако ќе има уште една шанса да оди во четвртфиналето. За пласман во Топ 8, Монако ќе игра со Барселона. Каталонците синоќа на домашен терен ја победија Црвена ѕвезда за која сезоната во Евролигата заврши. Барселона клучната предност ја оствари во првото полувреме кое го доби со 47:33, за на крај да слави со 80:72. Клајбурн и Пантер беа најефикасни во победничкиот тим со по 22 поена, кај белграѓани се истакна Милер-Мекинтаер со 19 поени.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПознати десетте најплатени кошаркари од ЕвролигатаНа порталот „Eurohoops“ се појави листата на најплатените кошаркари во Евролигата, а на првото место се наоѓа , плејмејкерот на Хапоел Т. А, Србинот, Василије Мициќ. Во дресот на Хапоел Тел Авив, Мициќ заработува 5,6 милиони долари годишно! Тој во моментов е најскапиот играч во Евролигата. Следните тројца кошаркари на листата на најплатени играат за Панатинаикос. Кендрик Нан заработува 5,3 милиони долари годишно и е втор на листата, трет е Гершон Јабуселе со 5 милиони, а четврт е Најџел Хејс-Дејвис, за кого ПАО издвојува 4,5 милиони долари по сезона. На петтата позиција е Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, а потоа на листата следи уште еден играч на Панатинаикос – францускиот репрезентативец Силвен Франсиско, кој заработува 4 милиони долари годишно. Седми е Елајџа Брајант. Соиграчот на Василије Мициќ од Хапоел добива 3,6 милиони долари по сезона, а осми е Џанан Муса од Дубаи, кој е платен 3,5 милиони долари годишно. Со плата од 3,2 милиони долари годишно, оваа позиција ја делат Никола Милутинов и Еван Фурние од Олимпијакос, Матијас Лесор од Панатинаикос и Томас Вокап од Дубаи (кој за малку не заврши во Олимпијакос). Шејн Ларкин испадна од листата на топ 10 играчи бидејќи во Фенербахче заработува околу 3 милиони долари годишно; истото важи и за Мајк Џејмс, кој го замени дресот на Монако со оној на Ефес. Жан Монтеро од Олимпијакос исто така заработува 3 милиони долари годишно, додека ситуацијата со Валтер Таварес и Јонас Валанчиунас е интересна бидејќи и двајцата заработуваат помалку од 3 милиони долари годишно, а сепак важат за најдобри центри во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар во Кавадарци.Денеска во Кавадарци беше пуштен во употреба новиот кружен тек во непосредна близина на објектот на Лидл, со што се унапредува сообраќајната поврзаност и се овозможува побезбедно и полесно движење во овој дел од градот. Инфраструктурниот проект е реализиран како резултат на соработката меѓу Општина Кавадарци и Лидл, со поддршка и ангажман на локални компании. На настанот свои изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и Гоце Гаврилов директор за недвижнини од Лидл, кои ја истакнаа важноста на партнерството меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, како и значењето на проектот за подобрување на инфраструктурата и условите за граѓаните. Со реализацијата на овој проект, Кавадарци добива уште едно современо инфраструктурно решение, а успешната соработка претставува пример за заедничко вложување во развојот на градот. Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, подобра инфраструктура и партнерства во интерес на граѓаните.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар АеродромСо новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај. Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места. Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот - возачи, велосипедисти и пешаци. Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај. Општина Аеродром продолжува со подготовка на конкретни решенија кои ќе придонесат за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook