„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
СветПанама прогласи вонредна состојба по грабежите и оштетувањата на зградите за време на протестите на одгледувачите на бананиПанама прогласи вонредна состојба во својот главен регион за производство на банани откако бројни продавници и згради беа ограбени и оштетени за време на протестите на одгледувачите на банани за пензиската реформа, објави денеска Би-Би-Си.Владата соопшти дека уставните права ќе бидат суспендирани во следните пет дена во северозападната покраина Бокас дел Торо. Мерката ја ограничува слободата на движење и ѝ дозволува на полицијата да апси без налог. Протестите низ целата земја траат од март, но кризата во регионот започна пред еден месец, кога локалниот синдикат на работниците за банани се придружи на протестот против предложените намалувања на пензиите и прогласи генерален штрајк. Во Бокас дел Торо, немирите главно ги водеа работници на плантажа за банани во сопственост на Чикита Брендс. Конфликтот се прошири минатиот месец откако компанијата отпушти илјадници работници кои штрајкуваа. Демонстрантите поставија блокади на патиштата и претходно оваа недела оштетија објект на Чикита Брендс и локалниот аеродром. Тагови: Панама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Температурите во наредните два дена ќе останат високиДодека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи.Додека се проверува квалитетот на водата за пиење во Гостивар и гостиварско, од УХМР велат дека барем во наредните неколку дена, температурите ќе останат високи со речиси 40 степени целзиусови на целата територија на земјава Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска во Кочани 47. Марш за ангелитеДенеска во Кочани ќе се одржи 47 марш на ангелите, кој според најавите треба да започне во 18 часот и 5 минути минути во Паркот на револуцијата.Од здружението на граѓани „16-ти март 2025“ во најавата потсетија на истите барања. Како што посочуваат за нив, секое рочиште отвора нова болка, секој нов доказ открива нови пропусти. Порачуваат, само со одговорност, со институции што ќе постапуваат и со јасна порака дека човечкиот живот е над профитот, функцијата и интересот, може да се спречи утре да се повтори истата трагедија. Во соопштението додаваат дека 63 животи не се статистика, а правдата не се бара еднаш — туку сè додека не биде исполнета.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: До 13 часот се регистрирани пет пожари, активни се триЦентар за управување со кризи информира дека денеска, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, а изгаснати се 2 пожари.Oд таму велат дека активни се пожарите во село Желино каде гори ниска вегетација, потоа кај патарината кон Гостивар и во местото викано Думачка маала каде покрај ниска вегетација, горат и багреми... Од Центарот додаваат и дека изгаснати се пожарите во с. Просениково струмичко и во околината на Старо Нагоричане.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter