Памела згрозена од актерите, кои ја играат неа и Томи Ли - Канал 5

Памела згрозена од актерите, кои ја играат неа и Томи Ли

Според извори блиски до неа, актерката Памела Андерсон не е воодушевена од новата серија „Пем и Томи“.

Памела згрозена од актерите, кои ја играат неа и Томи Ли

Серијата го опишува бракот на Памела Андерсон и музичарот Томи Ли во време кога нивната секс снимка е објавена во јавноста.

На Памела, наводно, не и се допаѓале актерите што ги добиле улогите и и се чини дека сето тоа е голема шега.

"Никогаш не слушнала за главните актери кои ја играат неа и Томи. Таа дури и не се грижи. Пам и нејзиното семејство сметаат дека серијата е ефтина преработка", изјави извор близок на актерката за „Сан".

„Памела нема намера да ја гледа оваа смешна серија, апсолутно не, никогаш“, додава изворот.

Имено, Памела ја игра Лили Џејмс, а Томи ќе го игра Себастијан Стен.

Фановите, пак, се воодушевени од трансформацијата на актерите откако Себастијан објави фотографија од сетот на Инстаграм. Тие пресоздадоа позната фотографија на која Памела со забите ја влече обетката на брадавицата на Томи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски претставници.

Американските претставници изјавија за весникот дека Трамп им кажал на своите помошници дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи по ноемвриските избори за Конгресот на САД, додека американскиот претседател, велат тие, изразил сомнежи на затворени состаноци дека Иран ќе ги исполни неговите барања.

Иран предложи седумдневен прекин на огнот минатата недела за време на состанокот во Катар, што би можело да го отвори патот за запирање на иранските напади врз бродовите во замена за укинување на блокадата од САД, објави WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Сепак, американски претставници запознаени со ситуацијата изјавија дека Вашингтон им кажал на Иран и на медијаторите дека Трамп нема намера да ја укине поморската блокада на Иран, бидејќи САД веруваат дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран да го потпише договорот.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на арапски медијатори, иранските дипломати дале неколку предлози за прекин на војната и признале дека економската криза во нивната земја се влошува.

Сепак, официјалните лица нагласија дека сегашниот став на Трамп би можел да се промени ако конфликтот продолжи во наредните недели и дека на него би можеле да влијаат резултатите од изборите за Конгресот.

Американските претставници изјавија дека Трамп се двоуми да продолжи со големи воени операции против Иран, делумно затоа што САД сакаат да ги зачуваат своите намалени резерви на муниција за други итни случаи.

Во меѓувреме, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат преку медијатори, вклучително и разговори за нуклеарната програма на Иран, потврдија официјални лица за американскиот весник.

Американските претставници открија дека напорите предводени од САД да им дозволат на танкерите да поминат низ Ормускиот теснец ја намалија итноста за постигнување договор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потврди во петокот дека Техеран доставил план до Вашингтон со кој Ормускиот теснец би се отворил за поморски сообраќај во рок од седум дена.

Аракчи рече дека Иран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар и дека, доколку се исполнат потребните услови, теснецот би можел да се отвори повторно, а сообраќајот да се врати во нормала во предвидениот временски рок.

Според него, на шестиот ден од рокот, Ормутскиот теснец би бил отворен, додека преговорите за договорените прашања би започнале следниот ден за да се постигне конечен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежливо време со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а во претпладневните часови сè уште се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. 

Врнежливо време со температура до 21 степен

Во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат.

По обилните врнежи што ја зафатија земјава во петокот и продолжија во текот на ноќта, денеска ќе се задржи посвежо и претежно облачно време, соопштиja од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 14 и 21 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде облачно и постудено. Во утринските и претпладневните часови ќе има повремени врнежи, по што се очекува постепено стабилизирање. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец.

Од недела се очекува постабилен период, со повеќе сончеви интервали, но и со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер