ЗабаваПамела Андерсон се пофали со затегнатите раце и нозе и ја откри тајната за совршената фигура Памела Андерсон се појави на модна ревија во Франција и ги воодушеви сите со своите мускулести и затегнати раце и нозе.55-годишната актерка ја покажа својата фит фигура и ја остави публиката без зборови. Ако се прашувате што прави таа за да остане во форма, нејзиниот одговор ќе ве изненади. „Не вежбам премногу, но тоа не значи дека седам и не правам ништо. Всушност сум доста активна. Шетам на плажа или во музеи. Сакам истегнување со отпор. Исто така, сакам да танцувам. Пофлексибилна сум отколку силна“, изјави таа за списанието People. Што се однесува до исхраната,најчесто консумира растителна храна. Минатата година таа на Твитер напиша дека „веганите се подобри љубовници“. "Станав вегетаријанец од сочувство, но не ги очекував здравствените придобивки што ги доживеав. Јадам многу овошје и зеленчук, сирово, пржено, на пареа. Обожавам смути и разни салати на кои додавам вкусни преливи". откри таа. Според Hollywood Life, нејзина омилена храна се тестенините со домати и лук, тостирани јаткасти плодови и салата од рукола со спанаќ, лимон, сол и бибер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаМуцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година Министерот за надворешни работи и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ разговарале за можностите за директна авиолинија Дубаи-Скопје.Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ Хамад Обаидала разговарале за можностите што директната авиолинија Дубаи-Скопје ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји Од март идната година, авиокомпанијата „Флајдубаи“ ќе воспостави директна линија од Дубаи до Скопје, со три лета неделно. Ова било официјално потврдено на средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја остварил со главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, за време на работната посета на Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСилвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“Легендарниот актер, филмската ѕвезда 80- годишниот Силвестер Сталоне се пошегува дека не може да замине во пензија бидејќи мора да ја плати свадбата на својата ќерка Софија, која наскоро се мажи за Мајкл Шихан. За време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“, водителката Кели Рипа го праша актерот колку планира да потроши за свадбата на својата 30-годишна ќерка. „Ох, човеку, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, рече Сталоне, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Не можам да се пензионирам. Сериозен сум. Морам да ја платам свадбата“, додаде актерот. На 28 август, Софија објави дека се свршила со Мајкл Шихан и сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со пораката: – Засекогаш со најдобриот пријател. Сталоне во емисијата го опиша својот иден зет како „одличен дечко“, а исто така откри и дека Шихан побарал негов благослов пред запросувањето. – Ја побара нејзината рака – рече актерот, на што Кели Рипа (56) се пошегува: – Сигурно бил преплашен. Сталоне потоа го пофали Шихан дека бил „многу самоуверен“ пред запросувањето. „Му реков: ’Леле, со среќа, пријателе‘“, се пошегува актерот, додавајќи дека неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја преземе улогата на „судија“. За контекст, Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки. Актерот имаше и два сина од првиот брак со Саша Зак; сепак, Сејџ Сталоне почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook