Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат - Канал 5

Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат

Ниту го познавал велешанецот Панче Жежовски ниту пукал во него, тврдеше денеска Љупчо Палевски кој е првообвинет за двете убиства.

Љупчо Палевски

Пред судот рече дека Велибор Манев имал со Жежовски стари нерасчистени сметки а за Влатко Кешишев дека било карактеристично да дава различни искази. Тој ги оспори доказите на обвинителството тврдејќи дека се нецелосни и манипулативни а снимките од домот на Манев биле монтирани. Палевски негираше инволвираност во убиството на Панче Жежовски кое според него се случило на 24 ноември наместо како што тврди обвинителството на 22 ноември 2023.

-Не сум бил на местото на настанот ниту пак во куќата на Панче Жежовски како што тврди Јавното обвинителство и „гватанамо“ истрагата. ЈО утврдило дека јас сум пукал во Панче Жежовски без никаков доказ само благодарение на исказот на Велибор Манев. На 22.11.2023 во критичниот ден бев во штабот на партијата а потоа во Бутел кај Ерол Османи каде го поправав котелот што траеше повеќе од два часа--Љупчо Палевски – Обвинет.

Љупчо Палевски негираше и дека ги набавил радио станиците со кои комуницирале, рече дека во штабот ги донел Велибор Манев, не се сеќаваше ни дека ги купил лопатите со кои се копани дупките и средството со кое се бришани отпечатоците, како што тврдеше Кешишев. Иако пресудата е донесена, вели неговиот адвокат, тие се подготвени да ги побијат сите докази на обвинителството.

-Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали. Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена. Како и да е, ние сме подготвени да ги побиеме сите докази кои беа презентирани, а не изведени, бидејќи тоа е од интерес и на јавноста,- изјави – Јовица Страшевски – Адвокат.

За 27 ноември, денот на грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска, Палевски раскажа дека станал по 8 часот и 30 минути а околу 10 часот отишол во банка, инаку според обвинението во овој период веќе е завршено грабнувањето и убиството. Следно рочиште е закажано за на 28 април кога Палевски ќе продолжи со давање исказ а и ќе одговара на прашања на обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер