МакедонијаПалевски негира вина за убиствата на Вања и Панче, тврди дека е жртва на „морален атентат“Првообвинетиот за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, Љупчо Палевски денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговорност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“.Првообвинетиот за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, Љупчо Палевски денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговорност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури. Според него, обвиненијата се дел од обидите за негово дискредитирање поради неговите активности против корупцијата и перењето пари во земјата, како и политичкиот ангажман за организирање референдум за прашањето со Бугарија. Одговарајќи на прашање од неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, дали ги сторил убиствата Палевски, рече дека „не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство“. -Не сум извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил, рече Палевски. Палевски, во својот исказ пред Судот, меѓу другото рече дека бил жртва на брутален медиумски линч на кој бил изложен од портали кои, како што рече „се под контрола на СДСМ и портали под контрола на ДПМНЕ“. Причините, за тоа, според Палевски, е што неговата политичка партија „Десна“ се обидела да организира референдум за прашањето со Бугарија, со кој, како што рече, „прекинуваат какви било политички разговори за идентитет, јазик и слично што оваа власт, ниту претходната, ниту таа пред неа, без исклучок, никогсш не го прашала сопствениот народ“. Палевски, исказот пред Судот го почна со одговарање на прашањето „Кој сте“, на што рече дека „регистрирав политичка партија и бев претседател“, а дека претходно години се занимавал со политика и правел згради. Во врска неговиот политички ангажман, она што смета дека е од интерес на овој судски процес, Палевски рече дека претходно биле многу конфронтирани како политички субјект со актуелната влада и политички процеси, но дека ќе објасни само за тоа што се случувало три месеци до ноември 2023 година. - Организирав и собрав потписи за распишување референдум за народот да се изјасни за Договорот за добрососедство и пријателство со Република Бугарија, кое беше одбиено барање поради погрешен наслов. Потоа, во истиот месец, беа скенирани 50 илјади декларации подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот митрополит Агатангел. Во исто време се организираа и некакви штабови, општински организации на политичката организација на ПП „Десна“, рече Палевски. Во исто време, Палевски посочи дека секој вторник, среда, петок, сабота и недела, тој лично емитувал програма во живо на неколку социјални платформи. Секој вторник, во 10 часот одел поткаст „Лицеум“, во среда од 21 часот „Крш Дебата“, а во петок и Извршен комитет на партијата на апликацијата Зум, затоа што четворица членови биле од Македонците низ светот. -Освен оваа активност, во ноември месец 2023 заврши проектот банкстери за перење на пари во Република Македонија, во официјални банки, поддржано од Народна банка на Република Македонија. Проект кој започна со емитување на 28.11 во 21 часот, а требаше да биде на 26 во 22 часот од причини што доцнеа неколку докази, изводи од сметки, пасоши за мега трговци со оружје од Иран кои имаа депозити во македонски банки, не беа пристигнати сѐ уште тие докази кои беа воедно и последни кои недостасуваа, тоа беше причината за одлагање на последниот крш 113 како епизода од редовен поткаст во тој серијал на документи и криминал кој беше објавен само еден мал дел, три документи, затоа што после тоа бев уапсен, се наоѓа и причината за убиството на Никола Младенов, рече Палевски. Според Палевски, се работи за фирма од Велес, Широко Езеро, преку која се испумпани огромен број на пари надвор од Македонија - 420 милиони долари во Комерцијална банка Скопје, на име на ирански државјанин, замрзнати средства од Стејт департментот, и 120 милиони долари на истото лице во Капитал банка. -Во тие документи се содржани лични податоци на Иранскиот државјанин, но ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Република Македонија затоа што Иранскиот бизнисмен продавач на „шахит“ ирански дронови на Руска федерација, и не успеав да ги објавам податоците, средствата се прилив од Република Србија. Тоа беше објавено, а требаше да следат уште десет подкасти дека Република Македонија е најголема прерална после Швајцарија. Но, не со видеа од двор, туку со официјални банкарски документи во форма на докази. Сето тоа го правев сам во организациска смисла и одговорност со пет до шест соработници од кои двајца се надвор од Република Македонија, појасни Палевски. Сето тоа како ангажман во ноември 2023, што според Палевски е најдобра „слика за мојот лик и дело, мојата работа“. Прашан дали лично се чувствува како што бил прикажан на првите прес-конференции на Обвинителството и МВР и по медиумите дека е монструм и убиец, Палевски рече „ниту едното, ниту другото.“ -А мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на пресумпција на невиност, не постои и тоа од причини што шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Република Македонија. Оливер Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи, ирански државјанин, шверцер со дронови да отвори нерезидентна сметка во НАТО банки на Република Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите депонирани во Република Македонија и нејзините банки, е сосем доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек, се компромитира човекот во целост, а инструментот по слушнат глас за ова јавно обвинителство не постои, службено да реагираат по допрен глас. Ова јавно обвинителство, мислам на скопското, не реагираат, идентично како и за оружјето во овој судски процес, изјави Палевски. Според Палевски, и медиумите се комплетно „корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од банкарскиот сектор нема да постојат“. -Една и пол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење во моменти на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, појасни Палевски. Според Палевски, прашањето е во ваква масовна истрага „кој ги брифирал со лагите медиумите“, посочувајќи го како пример сведокот Гоце Трајковски, кој, како што рече „глуми Шерлок Холмс тука во судот“, а лично тој на полицискиот инспектор кој сведочење во случајот Каишиќ „му праќал скринови од некакви инфлуенсерки кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања“. - Сето тоа некој уредно го пласирале на позади мене сместена една професија која егзистира крајно непрофесионално без ниту еден доказ како што предмалку кажав, шпекулации. Такви лаги се истурени во огромна количина, рече Палевски. Во исто време, Палевски рече дека, директорот на КПУ Затвор, вршел приватни истраги, ги тепал и распрашувал обвинетите, а сите тие разговори на обвинетите, во порака се прашани на Гоце Трајковски, и дека во доказот 151 самиот Гоце „се фали на инспектор Калишиќ, што сѐ дознал преку неговиот брат, Сокол“. -Така се хранети медиумите со лаги, за кои сметам дека биле должни да ги проверат, за да се заштити не само мојот, туку интегриритетот на семејството на убиеното дете. Но, тоа не направија. После една и пол година од настанот не постои наслов во медиумите каде што монструмот го посочува оружјето со кое што можело да биде сторено ова кривично дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика која ја започнавме со политичката партија Десна е причина за ваквиот однос на медиумите, бидејќи е единствена политичка партија која покренала иницијатива за референдум за многу болно прашање, изјави Палевски пред судот. На почетокот од денешното судење, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски одговори на неколку прашања на судијата Ивица Стефановски при што посочи дека од снимките кои што прибавиле, прегледани се камери од фризерницата, кафулето Синдикат, бензинска Окта и штедилница Папилон, сите локации поврзани со движењето на Вања. Според него, јасно било дека Вања не можела пешки да стигне од ресторанот Мечос до Фитнес Хаус за краток период, споредувајќи го времето и локацијата од Google карти. Фокусот бил ставен на сомнително возило Цитроен кое се движело бавно, исфрлало густ чад, и делувало како да тргнало од непосредна близина. Обвинетиот потврди дека пратил две СМС пораки на телефонот на Вања истиот ден, помеѓу 13-15 часот. Содржината на пораките била: „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“ и „Од родителите“, со надеж дека телефонот ќе биде вклучен и пораки ќе се прикажат. Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беа сослушани и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задачата да чува стража. Таткото на Вања, Александар, во својот исказ прес Судот, негираше било каква поврзаност со случајот и дека не ги познава обвинетите. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. Тагови: Вања и Панче Љупчо Палевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook