Пакистанци киднапирале и уценувале Индијци во Белград, завршија во притвор

Полицијата во Белград уапсила тројца пакистански државјани осомничени за киднапирање на двајца индиски државјани, објавија медиумите, повикувајќи се на соопштение на српското Министерство за внатрешни работи.

Уапсените Пакистанци се товарат дека им понудиле сместување на двајца индиски државјани на главната автобуска станица во Белград, а потоа ги однеле во стан во Палилула, каде што ги малтретирале и се обиделе да изнудат пари од нив.

Своите сомнежи за злосторството полицијата ги темели на сознанието дека Пакистанците барале од двајцата Индијци да им се јават на своите пријатели и роднини за да платат откуп за нив. На тројцата осомничени Пакистанци им е одреден притвор до 30 дена, а полицијата во соопштението не навела дали во Србија престојувале како мигранти, туристи или во некое друго својство.

Претходно во ноември извршниот директор на српскиот центар за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ, оценил дека состојбата со мигрантите кои минуваат низ Србија не се менува од година во година, како и со оние кои ги криумчарат.

Во сообраќајна несреќа на 13-ти ноември во Пирот, јужна Србија, загинаа две лица, а 20 беа повредени кога комбе со 22 мигранти од Белград се преврте додека се обидуваше да и побегне на полицијата.

Во моментов низ Србија има повеќе од 4.000 мигранти во кампови и прифатни центри, но тој број варира од ден на ден, а се проценува дека околу илјада од нив се надвор од официјалните сместувачки капацитети.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

Фото: „BMW“ се простува од „V12“ моторот во голем стил

Последните 12 примероци ќе бидат произведени ова лето.

„BMW“ уште претходно најави крај за моќниот „V12“ мотор, по 35 успешни години. Крајот на едната еда ќе биде обележан со специјална ограничена серија од моделот „BMW M760i xDrive“ со ознака „Final V12“.

Во рамките на оваа серија ќе бидат направени само 12 примероци од најмоќниот модел во серија 7 а сите автомобили се резервирани за американскиот пазар.

Засновата на стандардниот „BMW-u M760i xDrive“, верзијата „Final V12“, ќе има единствени ознаки на надворешноста и во ентериерот, потоа ексклузивни тркала и широк спектар за опции за персонализација на возилото по желба на купувачот.

Под хаубата се разбира се наоѓа 6.6 литарскиот „V12“ мотор со 609 КС. СИлата на сите четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач.

Сите возина ќе бидат нумерирани со броеви од 1 до 12 а производството започнува во јуни 2022 година додека автомоблите кај своите сопственици ќе пристигна во јули.

Цената стартува од 200.000 долари.

притисни ентер